Деканска посета во Радово

Деканска посета во Радово

Со света Литургија и посета на парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово на празникот Благовештение, 7 април 2022 година завршија деканските посети во Струмичко – скопската епархија. На светата Литургија во Радово, покрај парохот и декан о. д-р Зоран И. Стојанов, сослужуваше епархискиот економ и канцелар, о. Марјан Ристов и парохискиот викар о. Трајче Ташев.

Претходно во недела 3 април 2022 година беше направена деканска посета на парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а наредниот ден и во парохиите „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци и „Свети Петар и Павле“ Гевгелија.

Во периодот од 20 март до 7 април деканот на деканатот Свети Кирили Методиј“ при Струмичко – скопската епархија о. д-р Зоран И. Стојанов и епархискиот економ и канцелар, о. Марјан Ристов ги посетија сите парохии во епархијата, задржувајќи се во заедништво со свештениците и Божјиот народ, разгледувајќи ги потребите и активностите во парохиите.

к.мк

 

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот