Папата Фрањо именува две жени на водечки позиции во Ватикан

Папата Фрањо именува две жени на водечки позиции во Ватикан

Папата ја именува Рафаела Џулијани за секретар на Папската комисија за света археологија и Антонела Скијароне Алибранди за потсекретар на Дикастеријата за култура и образование.

Се повеќе има жени на одговорни позиции во Римската курија и сродните институции. Така и во денешните именувања од Папата, жените се во преден план: станува збор за Папската комисија за света археологија, чие раководство го обнови папата Фрањо со именување за претседател на монсињор Пасквале Јакобоне, кој досега беше секретар на комисијата и член, за секретар и член ја именува Рафаела Џулијани, досегашнца службеничка во комисијата. Римјанка, мажена, Рафаела Џулијани е автор на бројни текстови за катакомбите.

Папата ја именува професорката Антонела Скијароне Алибранди за потсекретар на Дикастеријата за култура и образование. Професорката Алибранди е проректор, викар на Католичкиот универзитет Пресвето Срце во Милано и професор по економско право на Факултетот за банкарство, финансии и осигурување на споменатиот универзитет. Покрај тоа, професорката е и претседател на Здружението на професори по економско право.

Едно од денешните именувања, меѓу другото, се однесува на секретарот на Папската академија Свети Тома Аквински. На таа должност папата Фрањо го именува професорот Лука Тунинети, декан на Филозофскиот факултет на Папскиот универзитет Урбанијана.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот