Два милиони млади луѓе на средба со Папата во Рио

Рио, 20.4.2013 /к.мк/ – Најмалку два милиони млади луѓе ќе го поздрават папата Фрањо во Бразил на Светскиот ден на младите, од 23 до 28 јули 2013 година. Ова ќе биде прво учество во понтификатот на папата Фрањо на Светски ден на млади.

„Со право очекуваме околу два милиони млади луѓе кои ќе дојдат во Рио де Жанеиро. Со исклучок на младите од Бразил и Аргентина кои имаат голем интерес за Папата, веќе 18.0000 млади Американци имаат резервација и до овој момент тие се многу побројни од Италијанците“ изјави отец Ерик Жакинет, раководител во Папскиот совет за лаици, кој е организатор на овој настан. Тој додаде дека, папата нема да биде во можност да ја посети Аргентина по завршувањето на Светскиот ден на млади. Се претпоставува дека е можно папата да ја посети Аргентина во декември.

Меѓу предлозите кои чекаат потврдување е и средбата на Папата со фудбалери, што ќе одекне силно имајќи во предвид дека Светското фудбалско првенство 2014 година ќе се одржи во Бразил, рече отец Жакинет и не потврди дали Светиот Отец ќе присуствува на некој фудбалски натпревар.

Досега Свесткиот ден на млади се одржа само еден пат во Јужна Америка, континент со најголем број католици во светот. Тогаш таа средба се одржа во Буенос Аирес 1987 година за време на понтификатот на папата Иван Павле II.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<