Епископите на најразвиените земји бараат брзо напуштање на користењето на фосилните горива

Епископите на најразвиените земји бараат брзо напуштање на користењето на фосилните горива

Повеќе од 70 католички епископи и монаси од земјите од групата Г20 во апелот објавен на 11 октомври побараа од своите влади итно напуштање на користењето на фосилните горива.

Во апелот упатен до министрите на најразвиените индустриски земји во пресрет на состанокот во Лондон предупредува дека климатските промени најтешко ги погодуваат сиромашните кои пак најмалку придонеле за тој проблем. Сведоци сме на се потешки и почести суши и поплави, уништени жетви и уништување на почвата, истакнуваат црковните претставници, порачувајќи дека наспроти тие страдања и неправди повеќе не може и не смее да се молчи.

Потписниците на апелот порачуваат дека фосилните горива мора да престанат да се користат ако човештвото има намера до 2030 година да го задржи глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови. Секој нов развој на јагленот, нафтата и плинот и секое финансирање на фосилните горива во странство веднаш мора да биде запрено. Истовремено треба масовно да се инвестира во цврсти и силни облици на енергија како што се енергијата на ветрот и сончевата. Исто така треба да се пружа поголема поддршка на регионите кои посебно тешко се погодени од последиците од климатските промени. Најразвиените економии мора први да делуваат, се порачува во апелот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот