Факт е дека наоѓаме одредена симболика на броевите во Светото Писмо. Каде е бројот 13 во сето ова? Многу луѓе го споменуваат бројот 13 условно кажано како несреќен број и наведуваат дека тоа е ставот на Црквата. Но дали тоа навистина е став на Црквата и што мисли Црквата за бројките воопшто.
Факт е дека во Светото Писмо наоѓаме одредена симболика за броевите. Така, во Книгата на Откровението читаме:
Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест (Откровение 13,18).
Понатаму во Втората книга Мојсеева 15,27 се спомнуваат 12 извори и 70 палми, што неретко се толкува како слика за 12 апостоли и 70 Исусови ученици, а во контекст на самиот старозаветен Израел се однесува на 12 патријарси и 70 старешини. Исто така во Евангелието по Матеј, генеалогијата на Исус е поделена на групи од 14 (што е бројна вредност на името „Давид“ – Исус е син на Давид, кој ќе владее засекогаш – сп. 2. Царства 7,12-13).
Инаку, 1 обично е симбол на Божјото единство, 2 за двете Христови природи, 3 за Пресвета Троица, 4 за евангелистите, 5 за Христовите рани, 6 за созданијата, 7 за полнотата на Светиот Дух, 8 за воскресението, 9 за ангелските чинови, 40 е број за искушенијата и 1000 за вечноста, односно неизмерното…
Каде е бројот 13 во сето ова?
Не може да се игнорира дека тоа е бројот на Јуда, бројот на тринаесеттата личност на Последната вечера. Во таа смисла, 13 се однесува на предавство и несреќа. Исто така во Книгата Естира, денот определен за уништување на Евреите бил 13 -тиот ден во месецот Адар. Сепак, тука доаѓаме до интересен заплет.
Имено, 13 -тиот ден од месецот Адар се споменува во Книгата Естира 6 пати, а знаеме дека Естира е пралик на Пресвета Богородица. Во таа смисла, не е случајно што Марија се објави во Фатима на 13 -ти во месецот, во текот на шест месеци. Како што Естира несреќниот 13 -ти ден наменет за уништување го претвора во ден на спасението, така и Марија, со својата објава на 13 -ти во месецот, го објавува својот триумф над злото, што беше објавено во 1. Мојсеева 3,15, особено на латински превод на Библијата – Вулгата, каде што се вели: „И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата.”
На оваа трага можеме да следиме уште неколку интересни работи – сестра Луција, визонерката од Фатима, почина на 13 февруари 2005 година. Освен денот во месецот, збирот на сите овие цифри е исто така е токму 13 (1 + 3 + 2 + 2 + 5). Свети Иван Павле II, кој беше изразито маријански папа, беше ранет на празникот Пресвета Богородица од Фатима на 13 мај 1981 година. а почина на 2 април 2005 година. Повторно, збирот на цифрите од овој датум го дава токму број 13 (2 + 4 + 2 + 5).
Може да се каже дека според сите овие знаци, Марија на некој начин го „усвоила“ бројот 13 и особено го означила како број што ја означува нејзината победа над злото.
Така, бројот 13 на симболично ниво некаде „лебди“ помеѓу Јуда и Марија, и во која од овие две улоги и значења ќе се најдеме, зависи само од нашата соработка со Божјата благодат.
Битно нет/к.мк