Градините во Кастел Гандолфо отворени за посетители
Прекрасните градини кои ја опкружуваат папската резиденција во Кастел Гандолфо, од 1 март се отворени за посетители. Сместени јужно од Рим, на имотот се наоѓаат Бабериниевите градини, остатоци од римската вила и фарма на 62 хектари, како и древна папска палата.
Одлуката за отворање на градините за посетители ја донесе папата Фрањо „за да можат сите да уживаат во хармонијата на уметноста и природата“.
Секоја седмица од понеделник до сабота ќе има организирани проштеки низ градината во траење од 90 минути, со водичи на англиски и италијански јазик, а заинтересиранте можат да се пријават преку интернет.
Летната резиденција на Папата во Кастел Гандолфо се простира на околу 55 хектари и е дел од екстратериторијалната површина на Светата Столица во Италија. Тие површини, за потсетување, се отстапени на Светата Столица во Латеранскиот договор во 1929 година, бидејќи оваа предградска резиденција ја посетуваа папите уште од времето на папата Урбан VIII од 17 век.
Во градината на Барберини, кои се најдостапни, но и најмалку познати, ќе може да се ужива во природните и археолошките убавини како што е Градината магнолија, Алејата на мирисни билки, Полјаната црник и Градината Белведере. На просторот на летната резиденција Барберини, со поглед на езеро, се наоѓа дворецот на цар Домицијан, па така посетителот ќе може да се задржи меѓу урнатините на Царскиот театар или во прекириениот трем. Гледајќи на Квадратниот плоштад или на градините од летната резиденција, се отвора поглед на покраината Лацио, со поглед сѐ до морето.
Во Кастел Гандолфо постои фарма, во која денес се прозиведуваат јајца, млеко, масло, зеленчук и мед за вработените или за продажба во ватиканските продавници. Папата Пио XII ја даде резиденцијата на користење на воените бегалци за време на Втората светска војна, а тој самиот почина таму во 1958 година, а две децении покасно и папа Павле VI.
Лаудато/го*ко