Говорот на Папата пред молитвата Царице Небесна: Вие сте дар и богатство за Црквата
Драги браќа и сестри!
Се приближуваме кон крајот на славењето, кое започна со вчерашното бдение и денешната Евхаристија е кулминација на славењето. Ова беше нова Педесетница која плоштадот Свети Петар го претвори во салата на Последанта вечера под отворено небо.
Повторно го доживеавме искуството на првата Црква, која беше еднодушна во молитвата со Марија, Мајката Исусова.( со. Дела 1,14). И ние во различноста на даровите, ја искусивме убавината на единството, искусивме дека сме едно. А тое е дело на Светиот Дух, кој секогаш одново создава единство во Црквата.
Сакам да се заблагодарам на сие црковни движења, друштва, заедници и здруженија. Вие сте дар и богатство за Црквата! На посебен начин се заблагодарувам на сите вас кој дојдовте од Рим и од сите краеви на светот. Носете ја секогаш силата на Евангелието. Секогаш негувајте радост и голема љубов кон заедништвото на Црквата! Воскреснатиот Господ секогаш нека биде со вас и нека ве чува Богородица!
Во своите молитви да се сетиме и на жителите од Емилија Романа, кои на 20 мај минатата година беа погодени од земјотрес. Исто така да молиме за Италијанскиот волонтерски сојуз на онколози.