Гласноговорникот Бруни: Патувањето на Папата во Унгарија и Словачка ќе биде духовно патување
Претставувајќи го претстојното патување на папата Фрањо од 12 до 15 септември во Унгарија и Словачка, гласноговорникот на Светиот Престол Матео Бруни рече дека доаѓањето на Папата во Будимпешта ќе биде ходочастие во чест на Пресветата Евхаристија. Во Словачка Папата сака да ја покаже близината на народот ранет од тоталитаризмот, но гледајќи кон иднината.
Патувањето во странство на папата Фрањо ќе биде ходочастие во срцето на Европа, за време на кое Светиот Отец ќе зборува за темите кои го погодуваат целиот континент. Но, пред сѐ тоа најпрво е духовно патување кое започнува со почитувањето на Евхаристијата и завршува со молитва за застапништво на Пресвета Богородица Жалосна, која во овој век никогаш не престанала да се грижи за словенските држави кои се ранети од тоталитаризмот. Така го сумираше 34 Патување на Папата гласноговорникот Матео Бруни. Од 12 до 15 септември, Папата најпрво во Будимпешта ќе го затвори 52. Меѓународен евхаристиски конгрес, а потоа во Словачка ќе престојува во Братислава, Прешова, Кошице и Шаштин.
Средба со унгарскиот државен врв
Бруни нагласи дека посетата има силна духовна конотација. Заради тоа не треба да се читаат други значања над духовните, предупреди. На новинарските прашања за средбата на Светиот Отец и унгарскиот премиер Виктор Орбан, Бруни кажа: „Тоа е состанок со врховниот авторитет на државата, а меѓу нив е сигурно и Орбан.“ Учеството на премиерот на светата Литургија со Папата на Плоштадот на хероите во недела допрва треба да се потврди од Унгарија.
Ходочастие во чест на Евхаристијата
Тоа е ходочастие во чест на Пресветата Тајна Евхаристија, истакна гласноговорникот. Поттикот на Папата за тоа произлезе токму од неговата желба да биде близок на илјадници мажи и жени кои од минатата недела учествуваат на Евхаристискиот конгрес. Исто така сака да ја предводи последната света Литургија, наречена Statio Orbis, бидејќи се слави во заедништво на сите христијани, во мислите и духот.
Посетата на Иван Павле II
Унгарија потоа ја отвори вратата за Словачка, рече Бруни. Самиот Папата на конференцијата за медиумите по враќањето од Ирак во март го објасни внатрешниот процес преку кој се бира кое место ќе го посети. Порача дека еден од соработниците му предложил од Будимпешта да оде и до Братислава, која е „одалечена два часа возење.“ Таа хипотеза се претвори во 72-часовна посета на главните градови на тоа подрачје на Централна и Источна Европа, а кое го посети папата Иван Павле II. Три пати: 1990, 1995 и 2003.
Тогаш Војтила ја повика Црквата и другите христијански заедници нека учествуваат и повотрно градење на општеството кое полека се опоравува од ужасите на нацизмот и грешките и стрдањето заради комунистичкиот режим. Сигурно ситуацијата со која овој пат ќе се сретне папата Фрањо ќе биде поинаква. Сепак, луѓето и местата се исти и душите на многу мажи и жени и понатаму се тешко погодени од раните нанесени во тие мрачни години. Папата ги посетува луѓето кои страдале од режимот кој ја потиснувал верата и верската слобода – многу епископи, свештеници, чесни сестри и лаици биле приведени, мачени. Свештениците дури морало да бидат и тајно ракоположени во фабриките каде што работеле. Но, христијаните гордо се спротивставиле, дури и по цена на крвопролевање и прогон.
Сведоштва на мачениците
Меѓу големиот број маченици значајни се сведоштвата на унгарскиот кардинал Јозеф Миндзенти и словачкиот кардинал Јан Кризостом Корец.
Но, Папата исто така сака својот поглед да го насочи на иднината за евангелизација и послание. Затоа сака да се сретне и со младите и претставниците на другите христијански заедници и религии – на кои ќе им се обрати во вклупно 7 говори, три хомилии, поздрав и обраќање по Ангел Господов – сите на италјански јазик.
Екуменизам и меѓурелигиски дијалог
Стрдањето и мачеништвото обединија, но и развоија разни конфесии затоа екуменските средби се важни, истакна Бруни. Двете екуменски средби ќе бидат на првиот ден од патувањето – 12 септември. Најпрво тоа ќе биде утрото со претставниците на Екуменскиот совет на црквите во Будимпешта, а потоа попладне во нунцијатурата во Братислава.
Исто е важна и средбата со претставнциите на еврејските заедници кои наследија долга историја на стрдање отежната со депортација на нацистичкиот режим, кој ја намали заедница која претходно броеше речиси 200 000 луѓе пред војната. Од нив 15 000 живеа во Братислава до 1940 година. Само 3 500 преживеа. Нивната заеница ќе се сретне со Папата на 13 септември на плоштадот Rybné námestie.
Здравствените мерки по операцијата
Како што рече Бруни, нема да има посебни здравствени мерки заради неодаменшната операција на Папата на дебелото црево, освен вообичаената претпазливост.
Со Папата ќе патува и врвот на Државниот секретаријат: државниот секретар Пиетро Паролин; заменик надбискупот Едгар Пена Пара; секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер и каридналот Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни Цркви и Мигел Ангел Аусо Гуиксот претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог.
Епидемиолошки мерки
Што се однесува до епидемиолошките мерки заради пандемијата неодамна се укинати Зелените потврди како усклучив услов за учество на средбите со Папата, на што Бруни рече: „Тие се одлуки на локалните власти, верувам дека ги преземаа сите потребни мерки.“ Според неофицијални податоци во Словачка отприлика секојдневно има 200 случаи на зараза со Ковид-19.
Ватикан њуз/к.мк