Гевгелија: Прославен патрониот празник

Со света архиерејска Литургија предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов и во сослужение на свештрници од Апостолскиот Егзархат и Скопска Бискупија во вторник 12 јули во црквата „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија е прославен патрониот празник на црквата.

4655-1

Во својата проповед епископот Стојанов ги охрабри верниците со животот и делата на свети Петар, а посебно со животот на светиот апостол Павле.

За време на Литургијата четири деца од парохијата прв пат го примија Исус во своите души.

На светата Литургија присуствуваа голем број деца, кои на крајот од светата Литургија беа благословени од бискупот Стојанов.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот