Предбожикна духовна обнова за Богопосветените лица во Скопје

Предбожикна духовна обнова за Богопосветените лица во Скопје

На 20. декември 2017 година , во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје беше одржана предбожикна духовна обнова предводена од битолскиот парох и директор на Македонскиот Каритас дон Паво Шекерија, за Богопосветените лица од град Скопје, на кои им се придружија и сестрите од Битола.

Водителот на обновата дон Паво го одржа својот говор на тема од евангелскиот извадок за навестувањето на Исусовото раѓање и за улогата на Блажена Дева Марија. Исто така на присутните им го истакна примерот на Марија во слушанњето и прифаќањето на Словото.

Потоа следуваше испит на совеста, и можност за средба со Господ во таинството на Светата Исповед. По духовната обнова следуваше агапе за присутните.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот