Струмица: Молитвен 8-ми Март

Струмица: Молитвен 8-ми Март

На Меѓународниот ден на жената, 8 март 2023 година во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи молитвена средба на жени.

Средбата започнува во 17.00 часот со молитвата Крстен пат со Богородица, кој ќе го предводат жени од парохијата, како и духовен наговор на тема: Жената во Црквата. Потоа средбата ќе продолжи во парохиската сала со проекција на филм и заедништво.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот