Деканска посета на Сарај и Чанаклија

Деканска посета на Сарај и Чанаклија

Во сабота 26 март 2022 година, во склоп на Синодалниот од, парохијата Свети Великомаченик Димитриј – Сарај и филијалата Свети Великомаченик Ѓорги – Чанаклија беа посетени од страна на отец д-р Зоран И. Стојанов, парох во Радово и декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј и отец Марјан Ристов, канцелар и епархиски економ.

Во склоп на деканската посета извршија визитација според каноните на Црквата и според предвиденото за ваквиот вид посети. Притоа од страна на парохот отец м-р Ванчо Назов беа запознаени со сите активности кои се реализираат, како и за идните планови за делување во парохијата и филијалата.

По завршувањето на официјалниот дел од деканската посета следеше заедничко агапе.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот