Папата Фрањо упати порака до ИФАД: Со нашето фрлање храна може да се нахранат сите гладни“

Папата Фрањо упати порака до ИФАД: Со нашето фрлање храна може да се нахранат сите гладни“

Папата Фрањо во среда, 14 февруари, испрати порака до учесниците на 47. седница на Управниот совет на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД).

На почетокот на пораката, папата Фрањо изразува благодарност за посветеноста, времето и енергијата посветени на „стремежот кон подобар свет во кој ничие достоинство не е повредено и во кој братството станува реалност, но и извор на радост и надеж“.

Светиот Отец истакна дека светот денес се соочува со потресна дихотомија поврзана со храната: „Од една страна, милиони луѓе страдаат од глад, а од друга страна, постои голема нечувствителност во фрлањето храна. Папата додаде: „Тој отпад од храна произведува огромно количество стакленички гасови секоја година, додека со правилната дистрибуција на храната, сите гладни би можеле да се нахранат“.

„Го туркаме светот до опасни граници“, предупреди Папата, опишувајќи ги климатските промени, грабежот на ресурсите и безбројните конфликти кои се закануваат на егзистенцијата на милиони луѓе. Папата укажува и на фактот дека во услови на кризи, какви и да се тие, руралните заедници секогаш први страдаат.

„Домородните народи се исто така жртви на потешкотии, сиромаштво и злоупотреба“, продолжи тој, нагласувајќи дека „нивното знаење за управувањето со природните ресурси и нивната поврзаност со животната средина може да помогне да се зачува биолошката разновидност“.

Во продолжение на пораката, папата Фрањо се осврнува на уште една запоставена група на луѓе – жените, за кои рече дека се главна поддршка во повеќе од половина од домаќинствата со недоволна храна во руралните средини, каде што многу млади луѓе немаат образование, ресурси и можности.

„Оваа реалност нè поттикнува да се соочиме со постоечките проблеми, особено гладот и сиромаштвото, и да не се задоволуваме со апстрактни стратегии или недостижни обврски, туку повикани сме да ја негуваме надежта што извира од заедничкото делување“, рече Папата пред да ги покани сите присутни „на заедничка работа за да изградиме поинклузивен земјоделски и прехранбен систем“.

На крајот, папата Фрањо се помоли духот на искрена соработка и служба „да ги води вашите размислувања за да се отстранат причините за исклученост, сиромаштво и лошо управување со ресурсите, како и ефектите од климатските кризи“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот