Епископот Хиндер: Конфликтот во Јемен станува сѐ повеќе болен и насилен

Епископот Хиндер: Конфликтот во Јемен станува сѐ повеќе болен и насилен

Епископот Пол Хиндер, Апостолски викар за Јужна Арабија, за Ватикан њуз  зборуваше за заборавената војна во Јемен, каде што се чини дека ситуацијата станува сè подраматична. Тој, исто така, го коментираше неодамнешното формирање на Комитетот за постигнување на целите на Декларацијата за човековото братство за мир во светот и заеднички живот

Според некои проценки повеќе од 70.000 луѓе се убиени во војната во Јемен од 2014 година. Имено, коалицијата на про-саудиските сили и сепаратисти кои ги поддржуваат Обединетите Арапски Емирати продолжува да се бори против бунтовниците во Хоутхи, поддржани од Иран. Организацијата на Обединетите Нации ја прогласија хуманитарната криза во таа земјата за најтешка во светот и во февруари годинава објавија дека околу 24 милиони Јеменци (80% од населението) имаат итна потреба од хуманитарна помош. Дополнителна загриженост е заразната болест колера која еруптираше поради недостаток на чиста вода за пиење. Во последните неколку недели, конфликтот ги премина границите на Аден и се шири на северо-запад во градот Таиз.

Епископот Пол Хиндер, Апостолски викар за Јужна Арабија, во интервју за  Ватикан њуз рече дека ситуацијата во Јемен е сè уште драматична, истакнувајќи дека неодамна избувнале нови конфликти во земјата. Тој се пожали дека војната е жестока во некои делови на земјата и дека предизвика голема болка. Гладот, болестите и бегство на луѓето во другите делови на земјата се само некои од последиците од оваа повеќегодишна војна. Ќе видиме дали е можно спротивставените страни да се соберат околу масата и да воспостават квалитетен дијалог – рече епископот Хиндер, додавајќи дека тоа би можело да биде најтешко затоа што секоја страна сака целосна победа и никој од нив не сака да направи компромиси.

Доколку никогаш нема да има мир и правда во земја која е многу сложена и поделена, со различни економски, политички и религиозни интереси, мислам дека еден вид на конфедерација, со взаемно почитување, би можело да биде решението – рече Апостолскиот викар, додавајќи дека, со оглед на досегашната состојба, не знае дали е реално да се очекува било какво решение. Во врска со неодамнешното формирање на Одборот за спроведување на целите на Декларацијата за човечко братство, епископот изрази задоволство, додавајќи дека иницијативата се чинеше дека првенствено доаѓа од Владата на Абу Даби. Сега ќе видиме какви ќе бидат плодовите – рече монс. Пол Хиндер и на крајот ја истакна важноста за примена на спомнатата декларација во училиштата, како и за важноста на взаемно почитување меѓу припадниците на двете религии.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот