Гевгелија: Запознавање со верските заедници

Околу седумдесет ученици од 5 одделение при ОУ „Владо Кантарзиев“ –Гевгелија заедно со своите наставници на 26 јануари 2016 година ја посетија Католичката црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија каде парохискиот свештеник о. Димитар Ташев одржа едночасновна настава на тема „Запознавање на верските заедници“.

Учениците внимателно го следеа предавањето, но и активно се вклучија со своите прашања. Многу работи кои на учениците им беа нови и нејасни, свештеникот на секој со едноставни зборови и примери им ги објасни.

Честите средби на децата со духовните лица, соработката меѓу Црквите и училиштата придонесува за подобрување во успехот, меѓусебно почитување и напредок во општеството.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот