Вода за пиење – основно човечко право

Њујорк, 1.6.2013 /к.мк/ – Да се гарантира за сите исхрана, вода, хигиенски услови и здаравствени услуги и тоа е „морална обврска“ истакна архиепископот Францис Хуликат, постојан посматрач на Светата Столица во ОН, говрејќи на заседанието на работната група за одржливите развојни цели при ОН, кои треба да се реализираат до 2015 година.

Секоја година има жртви од глад и неисхранетост, како и од болестите сида, маларија и туберколоза. Скоро милијарда луѓе, наши браќа и сестри, секој ден си легнуваат гладни. Тоа е срамота – истакна архиепископот Хуликат, осудувајќи ја „моралната и хуманитарната криза“, обременета со политика, шпекулативната монетарна пракса со животните намирници, вооружени судири, упропастени или пренеменети залихи од прехрамбени суровини за производство на енергија, неспособност да се овозможи пристап на произведувачите до пазарите на земјите во развој.

Тажно е – истакна архиепископот – да се гледа како се уништуваат прехрамбени производи за да се одржи пазарната цена за произведувачите од развиените земји. Неблагородна пракса која овозможува економска добивка врз кожа на оние кои умираат од глад. Погрешно е да се мисли дека можеме да изградиме посреќен и побогат свет со уништување на неопходното за преживување на сиромашните – опомена архиепископот Хулкат.

Архиепсикопот говореше и за проблемот со вода за пиење и хигиенски услови кои исто така треба да им се гарантираат на сите, како општо човечко право, а денес повеќе од осум милиони луѓе немаат пристап до залихи за вода, а милиони луѓе немаат сигурно и одржливо снабдување со вода.

Со оглед на тоа дека водата не е е неограничено богатство, нејзиното разумно и солидарно користење бара соработка на сите слуѓе со добра волја. Поради тоа е итно и неопходно на регионално, но и меѓународно ниво да се одредат способни власти за заедничко, чесно и праведно управување со заедничките добра, како што е водата, а исто така и да се утврдат личните, правните и финансиските одговорности за оние кои спречуваат пристап до вода за пиење за сите – заврши архиепископот Хуликат. (го*ко)

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<