Посветување на Бог преку работата во секојдневието

Денешните луѓе живеат прилично брз и стресен живот и времето кое што можеме да го посветиме на себе и на своите најближни во вистинската смисла стана скапоцено. Таквиот брз животен ритам зема данок и во нашите меѓучовечки односи до таа мера што настојуваме на некој начин да ги надоместиме со украден виртуелен момент, минута, две или пет за некаков површен и бегол увид чисто за да бидеме во тек за потоа секој да се врати на секодневието.

Најголема пак грешка е ако дозволиме тоа исто секојдневие да нè одвлече од оној најважниот однос – односот со Бог. А токму тоа им се случува на луѓето денес. Не е тоа за жал толку чудно ако го земеме вo предвид фактот дека поголем дел од луѓето денес живет во градовите во кои царува гужва, врева и метеж. Тие поими целосно се во спротивност со мирот кој ни го нуди природата, контемплативна сама по себе.

Како да го избегнеме паѓањето во замката која ни ја подготвува нашето секојдневие? Како да постигнеме да го славиме и молиме Бога и со Него да разговараме и да Му се заблагодаруваме, а да не страда она што мора да се направи, нашите редовни обврски? Како да му го дадеме на Бог најдоброто од себе и од својот ден, да му дадеме првенство, но токму во тоа време мораме да бидеме најпродуктивни некаде на друго место? Дали едното го исклучува другото? Дали е можно да се прават двете истовремено?

И самата често сум си поставувала такви прашања? Знаеше да ми се случи да си го одработам своето работно време, потоа ги преземам обврските околу децата и домот и доаѓа вечерта и денот поминал и ме совладува како што јас сакам да кажам „изморениот умор“ – кога си изморен и празен истовремено чувствуваш дека твоето секојдневието те исцедило до таа мера што не си способен за ништо освен да мислиш во празно… а уште помалку за нешто подлабоко и поважно. Тоа ми се случуваше затоа што погрешно сум го концепирала својот ден – професионалните обврски ги сметав за подрачје стрикно одвоено од сопствената духовност и она мое внатрешно „јас“ и на крајот кога ќе дојде времето за да се посветам на тој аспект за него би била едноставно премногу уморна. Првиот дел од денот, најдоброто од денот и од своите способности ги подарував на работи кои можеби се однесуваат на мојата егзистенција и на тековните обврски, но целосно споредни за егзистенцијата на мојата душа.

Тогаш го запознав свети Хосемарија Ескрива. Тој прекрасен светец ми отвори целосно нови светови! Ме научи дека работата и контемплацијата не се исклучуваат едно со друго и дека е можно нивно целосно навлегување. За да можеме да станеме контемплативни души на улица, на работа, во гужва има еден услов: да не го прекинеме разговорот со Бог. Сите свои работи колку и безначајно да изгледаат да ги ставаме во соодносот со Бог. Со други зборови работата да ја претвориме во молитва. (…)

И самиот Исус ни го даде најдобриот пример за она сокриено дело на својот живот во Назарет, живеејќи живот истовремено божествен и човечки и порачувајќи ни дека работата, семејството и општествениот живот не пречат на молитвата, туку се можност и на тој начин да се приближиме до Бог. (…)

За мене и за моето семејство тој е единствениот можен начин на кој воопшто можеме да функционираме. Воспитуваме четири деца снаоѓајќи се главно сами, што значи дека работното време на сопругот трае од зори до мрак, додека на мене е да ги исполнам обврските потребни за функционирање на едно шесточлено семејство. Некако на болен начин дојдовме до спознанието дека и кога сме најуморни и кога сме „изморено уморни“ и кога е најтешко постои Некој Кој знае, Кој разбира и Кој лекува. Токму по оваа прашање зборовите на свети Хосемарија се исцелувачки и мудри, затоа што ни порачува дека во светот каде сè е насочено кон она надворешното во функција за стекнување на материјални работи наша должност кој сме го откриле божествениот повик на светост и апостолат да делуваме на следниот начин: Колку што се забрзани нашите надворешни активности, нашиот внатрешен живот треба да биде поинтензивен во барањето за дијалог со Бог. Што повеќе нè разделува, поцврсто да Го држиме.

Николина Накиќ/Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот