Пораст на нетолеранција и дискриминација кон христијаните

Пораст на нетолеранција и дискриминација кон христијаните

Забележан е пораст на нетолеранција и дискриминација против христијаните во Европа, посебно во Франција, Англија, Холандија и скандинавските земји затоа што „законодавството е често проблематично, недостасува одговор од христијанските политичари, а заедничката свест слабее – рече Мартин Куглер претседател на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација против христијаните во говорот пред европските епископи собрани на пленеарно собрание во кнежеството Монако, на 7 октомври 2016 година претставувајќи го Извештајот за 2015 година.

Извештајот прави разлика на облиците на нетолеранција кои се однесуваат на културата и облиците на законската дискриминација. Пример за културална дискриминација е минатонеделниот протест во Унгарија организиран против одлуката на Полска за абортусот. Во тој протест е исмеван ликот на свештеникот, кој наместо хостија на демострантите им дава пилули за ден подоцна. Друг облик на нетолеранција е изложбата на еден шпански уметник во Помплони во ноември во 2015 година кога од 200 украдени посветени хостии го состави зборот педофилија.

Заради законската дискриминација „се во судир различни човекови права.“ Најпознат случај е оној од Англија каде што од дванаесет католички агенции кои згрижувале деца за посвојување, десет се затворени заради нивното спротивставување на настојувањата истоплови парови да посвојуваат деца.

Сите епископи собрани на пленеарното заседание на Советот на европските епископски конференции во Монако на 7 октомври заминаа во Ница за да покажат солидарност со францускиот народ и за да молат за мир. Епископите ги прими месниот епископ Андре Марко и градоначалникот на Ница Филипе Прадал и претседателот на покраината Кристијан Естроси. Тие во тишина моле пред Споменикот кој луѓето спонтано го изградиле на Promenade des Angleais со цвеќе, свеќи и пораки во спомен на 86 луѓе убиени во наподаот на 14 јули оваа година, а потоа гласно молеа Оче наш и Радувај се Маријо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот