Во последен момент променето местото за завршниот дел од Светскиот ден на млади во Рио

Рио де Жанеиро, 26.7.2013 /к.мк/ – Завршното молитвено бдение и светата Литургија на папата Фрањо со младите предвидени за недела 28 јули ќе се одржи на плажата Копокабана. Локалитетот Гуаратиба кој беше предвиден за овој настан поради поројните дождови во последните денови кои паднаа во Рио се претвори во море од кал.

Стравувањата на организаторите се оправдаа, бидејќи локалитетот Гуаратиба, кој беше преименуван во „Камп на верата“ во таква состојба не е во можност да ги прими младите поклоници. Првите знаци за евентуална промена имало уште минатата недела кога дождот ја претвори почвата во кал. Организаторите се надеваа дека добрите временски услови ќе помогнат да се исуши земјата, но постојаните дождови во последниве денови го претвроија локалитетот во мочуриште, а со тоа беше забавена и работата на централниот подиум.

На локалитетот Гуаратиба би можело да се сместат повеќе од 2 милиони млади луѓе. На плажата Копакабана, на која се одржа отворањето на Светскиот ден на млади во Рио нема капацитет да ги прими сите млади кои според последните податоци се пријавени околу половина милион, но многу групи на верници доаѓаат во Рио во последните два дена и се очекуваат над 2 милони верници на настанот.

Откажување од местото на одржување на Гуаратиба повлекува логистички проблеми за организаторот: поставување на повеќе од 4.500 тоалети, 32 места за освежување; 600-500 чешми, 177 цистерни за обезбедување и дистрибуција на вода и третман со отпадни води, паркинг за илјадници автобуси кои ги транспортираат различни групи и други логистички проблеми.

Организаторот исто така ќе мора да постави столбови за озвучение, како и голем број на големи екрани за да им се даде можност на сите млади да го следат настанот. Организаторот ќе мора да се откаже од спектакуларноста, која беше по идеја на архитектот Жоао Ухоа, кој пак беше инспириран од големите готски катедрали.

Поради промената организаторите ќе мора да сторат сé што е можно во најбрз рок да ја подготват новата локација за завршниот дел од Светскиот ден на млади. Жителите на градот Рио, кој ќе се испразнеше за бдението и светата Литургија со Папата на Гуаратиба, поради промената не изгледаат разочарани и велат дека се подготвени да ги пречекаат сите млади луѓе кои ќе пристигнат во градот. (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<