Во Петрoвци е погребан отец Јоаким Дудаш

Во понеделник 2 ноември 2015 година на гробиштата во родното Петровци, Хрватска е погребен о. Јоаким Дудаш, поранешен и долгогодишен парох на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала. Светата Литургија за покојниот отец Дудаш во црквата во Петровци ја предводеше крижевскиот епископ Никола Кекиќ, во заедништво со монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија и Ѓуро Џуџар, Апостолски егзарх во Србија, како и бројни свештеници од Македонија, Хрватска и Србија.

Од покојниот се простија владиката Кекиќ, владиката Стојанов, владиката Џуџар, с. Анастазија Питка (заменик провинцијална на сестрите Василијанки) и парохот на Петровци о. Владимир Седлак.

Во својот говор владиката Стојанов ја истакна неуморната и неустрашива пасторална работа на отец Дудаш во Македонија.

Владиката Киро Стојанов ја предводеше групата свештеници од Апостолкиот егзархат во Македонија.

Отец Јоаким Дудаш почина во сабота 31 октомври во Врбовец во 67 година од животот. Тој беше 19 години парох во Нова Маала и 5 години духовник на македонските богослови во Фулда, Германија

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот