Во Сарај прославен патрониот празник на парохиската Црква

Во Сарај прославен патрониот празник на парохиската Црква

Во петокот, 8 ноември во парохиската црква посветена на Светиот великомаченик Димитриј во Сарај Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски Епарх служеше Света архиерејска Литургија во сослужение на свештениците од Струмичко-скопската епархија.

По свеченото влегување во Црквата во присуство на верници од Сарај, Чанаклија, Гечерлија како и од останатите парохии, започна Светата архиерејска Литургија на која пригодна проповед одржа Н.В.П монс. Киро Стојанов, Струмичко-скопски епарх. Тој во својата пригодна проповед ја истакна својата огромна радост што овој празник ја има можноста да ја сподели својата среќа и радост со верниците од Сарај и околните села, поттикнувајќи ги самите верници да продолжат на патот по кој храбро чекорел самиот великомаченик Димитриј. Светлиот пример на овој светител да биде водител за верниците од оваа парохија.

На крајот по благодарноста упатена од страна на парохот отец Ванчо Назов до Н.В.П. монс Киро Стојанов, како и до свештениците и верниците следеше дружење во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот