Парохијата од Богданци донира користена облека за ЈУ Специјален завод – Демир Капија

Парохијата од Богданци донира користена облека за ЈУ Специјален завод – Демир Капија

Парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 23 мај 2022 година ги предаде собраните алишта на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија.

Донацијата беше прифатена со голема радост од страна на вработените на заводот, истакнувајќи за постојаната потреба на оваа институција од донации, но и гестови за солидраност и близина од граѓани и организации.

Акцијата на Парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци за собирање на облека продолжува и во наредните месеци, а се со цел да им се помогне на оние кои се во потреба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот