Во Новата Година да се надомести изгубеното време
Денес е вистински ден да се согледа годината која е зад нас и да се подразмисли за одлуките за следната година…
Ова е поволен момент за да се бара простување за сѐ што сме пропуштиле да направиме, за секој недостаток на љубов. Ова е исто така прикладен момент за да му заблагодариме на Господ за неговата добротворност.
Да ја заокружиме годината молејќи простување за лошите возвраќања на милостите, за сите оние моменти кога Исус бил со нас, а ние ништо не сме направиле за да го видиме, дозволувајќи Му да си оди. Исто така, да ја завршиме годината заблагодарувајќи му на Господ на бескрајното милосрдие кое го има кон нас и за безбројните добродетелства кои ни ги дарува, од кои многу ни останале непознати. Заедно со каење и благодарност да донесеме одлука дека ќе го љубиме Бог и ќе се бориме да стекнеме крепости и да ги искорениме слабостите, како следната година да ни биде последна која Господ ни ја дава.
За ова година која започнува Бог ни ја подготви сета помош што ни е потребна за да биде добра годината. Залудно да не потрошиме ниту еден ден! И кога ќе дојде до пад, грешки или потиштеност, веднаш да почнеме одново, често преку светата Тајна исповед. На сите нека им биде среќна Новата година! Година во која на крајот пред Господ ќе се појавиме со раце полни со работа прикажана на Бог, апостолат со нашите пријатели, со многу дела на љубов кон оние кои нас не опкружуваат, со полно мали победи, со безбројни средби во причеста.
Да одлучиме поразите да ги претвориме во победи надевајќи се на Господ и започнувајќи од ново. Да ја замолиме Блажена Дева Марија за милост за да ја проживееме ова година која почнува борејќи се како да е последна која Господ ни ја дал.
Битно нет/Д.И.