Не плашете се: Јас сум!

По напорниот ден Исус се повлекува. На луѓето им зборувал во текот на целиот ден во предвечерието и ги нахранува со чудесното умнож ување на лебот. Тогаш Исус го напушта задоволното мноштво на народ, но истотака и своите ученици. Нив ги испраќа во коработ на другата страна од езерото. Сега Исус извесно време сака да остане сам. Да се повлече во осаменост. Начинот на неговиот одмор е молитвата. Во летно време и ние мислиме на годишните одмори. За жал можеби ние не се одмараме во молитвата, туку во текот на летото се одмораме од молитвата.

Учениците се препуштени на самите себе се среќаваат со потешкотии. По успешниот ден и по прекрасното чудо кога изгледало сè така прекрасно и сјајно доаѓаат искушенијата. Коработ на Исусовите ученици се нашол среде бура. Често така е во животот на луѓето, а посебно на Исусовите ученици, на верниците. По прекрасното искуство на Божјата близина, после чудесната утеха и охрабрување настапува бура. Животот е трајна борба. Не можеме да очекуваме дека на оваа земја ќе настапи некој период во кој нема да има никакви искушенија или потешкотии. Во тие моменти важно е да го направиш тоа што е можно за човекот. Сето друго ќе го направи Бог.

Среде таква бура на апостолите силно им е потребен Исус, а Него во тој час го немало; барем на нив така им изгледало. Исус се појавува. Тоа го прави на чудесен начин: оди по вода! Апостолите се силно изненадени, преплашени. Затоа извикале: „Тоа е привидение! Тоа не може да биде вистина!“ Исус се појавува со своите познати зборови за охрабрување: „Храбро само! Јас сум! Не плашете се!“ Често Исус на сличен начин им пристапува на луѓето. Исус повикува на храброст. За темел на таквата храброст се нуди самиот себе. „Не треба да се плашите затоа што јас сум тука!“ Кога Исус е тука и кога ние тоа цврсто го веруваме нема место за страв!

Петар прв возвраќа. Сака да провери. Бара доказ: Дај и јас да одам по водата. Зачекорел по водата и тој можел да оди по брановите како Исус, сѐ додека неговите очи биле упатени кон Исус. Меѓутоа кога неговите очи се свртеле кон брановите, кога ја забележал силата на брановите околу себе, започнал да тони. Неговиот поглед повеќе не бил упаен кон Исус. Затоа потонува. Од него се слушнал крик: „Господи спаси ме!“ Пораката е јасна и за нас. Брановите, бурите, спротивните ветрови можат да го загрозуваат нашиот секојдневен живот. Исус не ни вети лесен живот, без искушенија и потешкотии. Не, тоа Исус не ни го ветил. Но, ни се дарува Себе. Ни го дава своето присуство. Со Него можеме да ги пребродиме сите опасни ситуации. Треба само да останеме свртени кон Исус, да го задржиме својот поглед на Него. Ако го изгубиме од вид немаме сила, ниту сигурност. Тогаш ни малаксува верата. Исус ни се дарува на различни начини, во светата Тајна Исповед и другите свети Тајни; но сака да ни се дарува и во искуството на длабоката и искрена молитва. Исус сака да ни покаже дека секогаш е со нас, не само во убавите околности во животот, Исус е со нас и во потешкотиите. Крстот и искушенијата, страдањето и болката се најдобрата врата преку која Исус доаѓа кај нас.

Бурите се големи, ветровите се спротивни, во многу ситуации изгледа како да тонеме! Но Исус е тука ни пружи рака и го извлекува Петар. Со таков гест сака и на нас да ни пристапи и да нè спаси.

Кога Исус влегува во коработ заедно со спасениот Петар бурата и веретот стивнуваат. Настанува мир. Самото Исусово присуство донесува мир. Најпрво тоа Исус го дарувал на нивните срца, во Исус доживуваат целосна сигурност, сега знаат дека ништо нема да им се случи.

Би сакал и нанас на неделната света Литургија да ни се случи нешто слично. Најпрво да искусиме дека Исус е со нас. Без разлика што коработ на секој поединец е камшикуван од ветар и бури – Исус нè не остава. Не сме оставени сами на себе. Исус ни доаѓа во пресрет. Често на многу необичен начин. Понекогаш толку сме изненадени што мислиме дека е привидение. Исус е тука. Тој ќе ни пружи рака, ќе нè подигне од тешките ситуации.

фра Звијездан Линиќ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Ознаки Исус, кораб

За авторот