Папата Фрањо на 1 Октомври објави видео порака со молитвена накана за месец октомври која гласи: Светиот Дух нека поттикне нова мисионерска пролет во Црквата.
Папата Фрањо во својата молитвена накана за месец октомври 2019 повикува на молитва да создаде здивот на Светиот Дух нова мисионерска пролет во Црквата осврнувајќи се на „missio ad gentes”, односно мисионерското послание на Црквата
Превод на текстот од видео пораката:
Денес е потребен нов поттик за мисионерско делување во Црквата за да се соочи со предизвикот за навестување на Исус и неговата смрт и воскресение.
Достигнувајќи ги перифериите на човековите, културните и религиозните средини, кои сè уште се туѓи на Евангелието: тоа е она што го нарекуваме „missio ad gentes“.
Мораме исто така да се сетиме дека молитвата е срцето на мисијата на Црквата.
Во овој ,,Вонреден мисионерски месец ” да се молиме Светиот Дух да создаде нова мисионерска ,,пролет” за сите оние кои се крстени и испратени од Христовата Црква.
Ватикан њуз/к.мк