Верници од Скопската парохија примија Каремелитански скапулар
Во катедралата Пресвето Срце Исусово во Скопје на 14 август 2015 година на Мисата пред празникот Голема Богородица, која ја предводеше скопскиот парох дон Давор Топиќ за време на мисното славење на 53 верници подели кармелитански скапулар.
Во пригодната порповед парпхот дон Давор Топиќ ја истакна улогата и посланието на Блажена Девица Марија, како и видението од страна на свети Шимун Шток, генерал на кармелитанската заедница, на Мајка Божја во 1251 година, во кое му го покажала скапуларот како видлив дел од монашката облека и го повикала да прими скапулар како посебен милосен знак. „Скапуларот е знак и поврзаност со Марија, која со срце и жива вера го прифатила Божјото Слово. Таа е убава, бидејќи љубела. Светците се убави, бидејќи љубеле. Марија нека ни ја измоли таа милост да можеме да љубиме со онаа љубов со која нѐ љубеше и нѐ љуби Исус Христос. И овој знак на посветување на Богородица ја храни нашата надеж во средбата со Господ во вечниот живот и е знак на Божјата љубов кон нас. Со ова посветување стануваме соучесници на сите духовни добра на Кармелитанската заедница и Братство“, рече парохот.
Преку тродневницата во чест на Голема Богородица парохјаните беа запознати за кармелитанскиот скапулар и посветувањето на Блажена Девица Марија од Кармел. Скапуларот и скапуларските медалјони за скопската парохија ги даруваа сестрите кармелитанки од Босна и Херцеговина и Словенија.
к.мк