Најава: Моштите на свети Кирил во Петралинци

Најава: Моштите на свети Кирил во Петралинци

Во среда, на 24 мај 2017 година на празникот на словенските апостоли и просветители свети Кирил и Методиј во истоимениот католички храм во Петралинци, ќе бидат изложени моштите на свети Кирил Солунски, единствените мошти на свети Кирил кои се наоѓаат во Македонија.

Во таа прилика Неговото Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, на 24 мај 2017 година во 10.00 часот ќе ја предводи светата архиерејска Литургија за време на која ќе бидат изложени моштите.

После светата Литургија секој добронамерен верник ќе има можност да се поклони на моштите на свети Кирил Солунски.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот