Кој е твојот најближен, најдобар пријател, оној чие прифаќање ти донесува радост? Тој човек е некој посебен. Исус со тебе го дели својот посебен однос со Бог. Тој го нарекува Бог со семејниот назив „Татко.“
Во молитвата не се најважни зборовите кои ги изговараш, туку свеста за целосната Божја љубов кон тебе. Божјата љубов секогаш ќе те придружува на твоето патување низ пустината на твојот живот. Молитвата е разговор со Бог – но за што го прашуваш? За Него и за себе. За радостите и жалостите, за успесите и промашувањата, за возвишените цели и секојдневните грижи. За своите слабости. Благодарноста и прозбата. Љубовта и помирувањето. Накратко: Запознавање на Бог и себе. Да се биде заедно!
Парохија Свети Петар Запрешиќ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк