Нешто важно за татковци

Нешто важно за татковци

Не постои потешка, посложена, поважна и во исто време покорисна работа од родителството, а посебно од татковството. Сепак, тоа во нашите училишта не се учи. Татковците честопати се чувствуваат неспособни да воспостават вистински контакт со децата. Премногу често татковците се уверени дека знаат како да ги воспитуваат децата и воопшто не им паѓа на ум барем за тоа да прочитат некоја книга или да завршат некој курс. Татковците се занимаваат со секакви важни работи и во исто време не сфаќаат дека нивната најважна работа е воспитувањето на синовите и ќерките. Затоа што ако во тоа не успеат, сето друго не вреди.

О, еве ни прекрасна тема. Премногу е широка и премногу е сериозна за една ваква мала статија, но големото настанува од малото, а огнот од искрата, па добро е да ја запалиме искрата, која го разгорува пожарот на Божјата љубов во душите. А Бог е Љубов, и Бог е Отец: не некоја безлична енергија, туку Личност, која љуби и има скршено срце поради нашите бегства, лутања и губења. Како што обичниот, човечки татко страда и плаче заради децата кои запаѓаат во некакво зло, потполно исто и небесниот Отец страда, гледајќи што му прават децата со слободната волја што им ја подарил.

Денешното татковство, посебно оваа нашето од „прозападен тип“ татковство, како да е во една голема криза. Ретко се гледа татко со децата во црквата, ретко татковците ги предводат семејните молитви, или искрено разговараат со своите деца, или пишуваат со нив домашни задачи. Тоа, како и пазарењето, одењето во градинка или училиште, останува главно на мајките.

„Татко од формат“ е, како што нè учат „Божанските форматори“ на с(о)в(е)ста, завиен во фотелјата; нозите на столот, во раката пиво и далечинскиот управувач. Тој заработува, остатокот од семејството троши. Тој побегнува од кавгата со сопругата, бегајќи во локалната кафеана. Тој нежно се оттргнува од вежбањето математика со детето, затоа што „ние ова не го учевме во училиште“. Зборува за мајката на сопругата, ја пцуе демократско избраната власти, но и опозицијата, па дури по потреба, во јануари ги прави плановите за одмор, а кога му е доста од сè, оди на риболов.

Ете, така некако филмовите, сериите ни ги прикажуваат денешните татковци. Изоставувајќи ги своите надвор од бракот прељубнички авантури и испади на агресивна љубомора воедно. Хмм, има ли во тоа вистина? Божјото слово, интересно, како последна реченица на Стариот Завет ја дава: „И тој (пророкот Илија) ќе ги обрне срцата на татковците кон – децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, па кога ќе дојдам за да не ја поразам земјата со проклетство“ (Мал 3, 24). Професионалците велат, дека од оваа реченица до почетокот на пишувањето на Новиот Завет поминале 400 години. А Новиот Завет започнува со родословието на Исус Христос, во кои четириесет пати се спомнуваат татковците, кои „раѓаат деца“.

Интересно. Читаме од пророкот Малахија, колку е исклучително, дури и судбоносно важно „срцата на татковците да бидат обратени кон децата“ и обратно, инаку земјата би била проклета, односно би немало во неа благослов, би останале само маката, жалоста и болката. Библиската мудрост сака да го каже следното: таткото е столбот на семејството, тој треба да го земе детето на колена и со него да моли и разговара и работи. Тој треба на детето да му зборува: „Те сакам, сине, ќерко, никогаш тоа да не го заборавиш“. Тој треба, како едно со мајката – сопруга, на децата да биде прв пример и прв учебник и прв од кого децата ќе бараат животни одговори. Ниту едно училиште и ниту една Црква не можат да ги заменат родителите! Кај нас се вели: „Каков татко, таков син“, и не се вели тоа без врска. Ако таткото го пцуе драгиот Бог, ќе пцујат и децата, И Него и него. Ако таткото претерано пие (мислам, на алкохолот) најверојатно и децата ќе посегнат по пијачката, затоа што „нека бидам ист како него, деновите ми поминуваат лудо, нека сум ист како мојот стари…“ Освен ако имаат навистина добра алтернатива, добро друштво, добри примери.

Но, улиците и кафулињата, парковите и дискотеките, приватните забави и организираните забави се полни со млади, кои ретко или во текот на крајни ситуации ќе побараат помош од верата. Многу е важно, каков е таткото во семејството. Не станува збор овде за препукувања околу патријархалниот/матријархалниот став или воспитување, туку воопшто за темелните должности и одговорности на еден татко. Христијанскиот татко го собира семејството, го благословува и преку учествувањето во светотаинскиот живот го зацврстува семејството во искушенијата на светот. Па кој нема да падне во разни искушенија? Но, децата кои од таткото или мајката слушале добро за Господа, за милосрдието и љубовта, за царството Божјо, за простувањето и носењето на крстот… ќе бидат многу посилни и полесно ќе се соочуваат со проблемите и страданијата кои ги носи животот.

Затоа, да молиме за нашите татковци, да се оттргнат, и јасно да се постават кон Бога, кон гревот, кон светот, кон верата, бракот и своите деца. Да молиме за нив, навистина да бидат татковци, воспитувачи, примери за своите деца. Да молиме, да имаат сила да им се спротивстават на пасивноста и духовната индиферентност. Да молиме да не подлегнуваат на рекламите и забавите, делумните солуции.

Во Библијата читавме дека повторно ќе дојде Илија и ќе ги преобрати срцата и така натаму. Илија е слика за Исус Христос: Тој е „нов Илија“ кој што единствено може да внесе согласност и мир во односот татко – дете. За да бидеме благословени, да се држиме до нашиот Исуса! За тогаш животот поинаку да изгледа, сè ќе има смисла, а душата ќе расте во радоста и спокојство. Токму овде лежи проблемот: многу татковци на своите деца им даваат „сè“ (пари, автомобил, работа, куќа, добро име, образование…), а забораваат на една ситница, деталот – верата. И заборавиле дека, да она „сè“ што им дале, може многу брзо да исчезне, од разни причини. Во Боблијата исто така пишува: „Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите им се расипуваа забите“.

Биди татко, каков што Бог сака. Изгаси ја големата црна кутија и стани во недела нешто порано, земи го своето дете и заедно со жената слушај го Словото и храни се со Лебот. Ќе го отркиеш животот, кој не мора залудно да помине на каучот, во хипноза пред гласната црна кутија. Не она од авионот.

Патер Марко Глоговиќ/к.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот