Свети Иван Павле II: Навестувач на Божјото милосрдие

Свети Иван Павле II: Навестувач на Божјото милосрдие

На први мај 2011 година на празникот светиот Јосиф работник, во Рим е прогласен за блажен папата Иван Павле II, кој во младоста бил навистина работник (дури и во каменолом). Само три години подоцна на 27 април 2014 година папата Фрањо го прогласува за светец.

Не случајно беатификацијата се поклопува со Неделата на Божјото милосрдие – Иван Павле II почина на 2 април 2005 година, ноќта која претходи на празникот на Божјото милосрдие. Тој празник самиот Иван Павле II. го одредил да биде првата недела после Воскресението – според желбата која Господ ја открил на света Фаустина Ковалски (1905 – 1938), апостолот на Божјото милосрдие. Папата Иван Павле II уште како надбискуп во Краков до 1978 година – кратко време пред да дојде на Престолот на свети Петар – го дава и првото службено црковно одобрение за побожноста на Божјото милосрдие. Подоцна тој како Папа ја прогласува Фаустина Ковалски за блажена на осмиот ден од Воскресението во 1993 година; подоцна ја канонизира како светица на осмиот ден од Воскресението во 2000 година. На самата хомилија на Литургијата за канонизација на света Фаустина, Папата ја одредува Неделата на Божјото милосрдие како празник за целата Црква.

По тој повод рекол: „Ова е најсреќниот ден во мојот живот.“

Да останеме уште малку во времето на смртта на Папата Иван Павле II. На Литургијата на погребение на Папата, на 8 мај 2005 година, проповедта ја одржува идниот Папа, тогашен кардинал Јозеф Рацингер за починатиот папа Иван Павле II вели: „Тој ни го претстави воскресното таинство како таинство на Божјото милосрдие. Во својата последна книга, напишал: Границата ставена на злото е во крајноста на Божјото милосрдие (Меморија и идентитет, стр. 60 – 61). А размислувајќи за антентатот на себе, рекол: Жртвувајќи се себеси за сите нас, Христос даде ново значење на страдањето, отворајќи нова димензија, нов закон: законот на љубовта… Тоа страдање е онаа што изгорува и го победува злото со пламенот на љубовта и извлекува дури и од гревот големи цветови на добрината (стр. 189 – 190). Огледувајќи се на таквиот пример, Папата трпел и љубел во заедништво со Христос, и затоа неговата порака за неговото трпење и неговото молчењето се покажаа толку елоквентни и толку плодни. Божјото милосрдие: Светиот Отец го пронашол најчистиот одраз на Божјото милосрдие во Мајка Божја. Он, кој уште во ран период останал без сопствената мајка, ја љубел Божанската Мајка уште повеќе. Тој кој како мал останал без сопствената мајка, ја љуби Божјата Мајка уште повеќе. Тој ги слушнал зборовите на распнатиот Господ како упатени лично кон него: „Еве ти Мајка“

Животот на младиот Карол Војтила навистина бил болно обележан со губењето на својата мајка: во часот на нејзината смрт 1929 година, Карол имал само 9 години. Три години подоцна го погодила и смртта на неговиот постар брат Едмунд; тој млад доктор (роден 1906) умира од шарлах. Со побожниот татко – пензиониран воен подофицер роден 1879 година, идниот Папа научил како достојно да ги прифаќа трагичните моменти во животот и да ги вгради во својата светост.

Младиот човек кој уживал во спортот во 1938 година започнал студии на Јагелонскиот универзитет во Краков; покажува голем интерес за театар и се запишува на драмско училиште. Образованието набрзо го прекинува со нападот на Германија на Полска во 1939 година. Во текот на Германската окупација – која во Полска била многу брутална – Карол бил физички работник во разни претпријатија во Краков.

Одлучува да се придружи на тајната семинарија (нацистите во Полска не дозволувале да се подготвуваат млади за свештенство); 1946 година – откако во Полска бил воспоставен комунистичкиот режим – тој бил ракоположен за свештеник. Студиите ги завршил во Рим, неговиот докторат од 1948 година се занимава со кармелиќанскиот светец и учител на католичката мистика свети Иван од Крстот.

Карол се покажува како успешен пасторален работник; во голема опасност успева побожните полски работници во комунистичкиот град – проект на Новата Хута (новоизграден индустриски град блиску до Краков) да ги организира во парохија. Божиќната света Литургија во 1959 година ја слави на отворено поле, каде во 1977 година подоцна – сега веќе и како надбискуп на Краков – посветува и црква. Во градот каде тоталитарната комунистичка власт замислила дека „таков објект“ во суштина не смее да има!

Војтила како многу надарен теолог, ја превзема во 1954 година функцијата професор на Католичкиот универзитет во Лублин. Станува помошен владика на Краков во 1958 година; надбискупската служба ја превзема во 1964 година. Папа станува во 1978 година во време кога Црвата во западните земји била разнишана од брановите на модернизмот – па така, на пример, нашироко се одбегнувало практикувањато на светата Тајна Исповед, а молитвата Бројаница, Крстниот Пат и Евхаристиските обожавања се сметале за нешто што е застарено и смешно, со што требало што порано и потемелно да се прекине.

Иван Павле II во периодот од 1962 – 1965 година, учествувал на II Ватикански собор, како теолог и владика. Се бележи дека имал значајна улога во пишувањето на конституцијата „Gaudium et spes“. Во 1967 година значајно придонесува при пишувањето на папската енциклика „Humanae Vitae“, која зборува за абортусот, како и за брачната љубов.

Во својот долг понтификат (1978 – 2005 година) го искористува можното време, и се труди да ги посети верниците ширум светот, служејќи Литургии на отворено.

Со помош на кардиналот Фрањо Шепер и Јосиф Рацингер на чело на Конгрегацијата за наука на верата, успева да го одржи правоверието во Католичката Црква.

Иван Павле II успева Црквата да ја одржи и да ја обнови верата во вистинското Исусово присуство во Пресветата Тајна Евхаристија и побожноста на светата Бројаница. Го оживува почитувањето на светците во Црквата, за време на својот понтификат прогласува 482 светци и 1338 блажени. Не пропушта да проповеда и за чистилиштето.

Можеби најзначаен придонес во теолошка смисла остварува пишувањето за „Теологија на телото “ (тој е и автор на самиот термин ), каде човечката телесност и сексуалноста се согледуваат како дел од Божјиот план за човекот, светоста и спасението.

Иван Павле II е многу тешко ранет во 1981 година, кога на плоштадот Свети Петар во Рим од пиштол го застрелува Мехмед Али Агча. Своето преживување го препишува на помошта на Мајката Божја, па го поврзува тој настан со објавите од Фатима.

Во 2001 година му е дијагностицирана паркинсонова болест. И покрај страдањето кое му го донесува таа болест, успева да патува низ светот и ефакасно да управува со Католичката Црква.

Вметнуваме на крајот на оваа статија молитва до свети Иван Павле II:

Пресвето Тројство

Ти благодариме што на Црквата ѝ го дарува Папата Иван Павле II ѝ и даде преку него да блесне нежноста на Твоето татковство, славата на Крстот Христов и сјајот на љубовта на Светиот Дух.

Со својата целосна доверба во твоето бескрајно милосрдие и во мајчинското застапништво на Пресвета Богородица, тој ни нуди жива слика на Исус како добар пастир и покажа дека светоста е најголемиот облик на редовниот христијански живот и пат кон постигнување на вечно заедништво со Тебе.

Дади ни, преку неговото застапништво, преку Твоја волја, милоста за која молиме. Амин.

Дарио Ц./католик/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот