Воведение на Пресвета Богородица во храмот

Воведение на Пресвета Богородица во храмот

Денес контемплираме едно мало девојче кое му се предава целосно на Господа.

Црквата ни дава до знаење дека Марија на Благовештението не беше изненадена од Ангеловиот поздрав и дека во нејзината душа дарувањето се подготвувало со време, кога постепено тоа било веќе реализирано. Надоаѓаат чувства да се види едно девојче привлечено од Божјата светост, кое сака да му се предаде на Бога, едно девојче кое разбира дека Божјoто дело е важно, дека потребно е да се стави во служба на Бога, секој со сопствените способности, да му се отвори на Бога; едно девојче кое разбира дека не може да се изврши Божјото дело без да се биде осветен од Него, без да се биде посветен од Него, бидејќи не е можно ниту да се познава Божјата волја, доколку тежината на телото ни ги затвора очите.

Марија го реализира она кое подоцна свети Павле го предложил како идеал на христијаните: да се понудиш самиот себеси:

„Ве молам, браќа, во име на милоста Божја, подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога… И не управувајте се според менталитетот на овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да ја познавате која е волјата Божја“ (сп. Римјаните 12, 1.2).

Да се обидеме подлабоко да ги разбереме условите на самодарувањето. Тоа ќе го направиме доколку пред очи ја имаме песната „Величај“, бидејќи е јасно дека ниедно Евангелие не запишало ништо за денешниот празник, дека нема запишано за тој празник ниту на една страница во Библијата: самодарувањето на девојчето Марија не е некој настан кој привлекол многу внимание и бил забележан. Изборот на песната „Величај“ не е анахронизам, бидејќи таа ги изразува чувствата кои се оформиле во душата на Марија многу порано од посетата на Архангел Гаврил, длабоки чувства кои се всушност темелот на нејзиното дарување:

Нејзиното самодарување како девојче, потоа самодарувањето на Благовештението и конечно нејзиното самодарување на Голготата. Сето тоа станува збор за спознавањето на Божјите дарови. Пред самодарувањето секогаш претходи Божјиот дар и спознанието за овој дар. „Погледна на смиреноста (сиромаштвото, безначајноста) на слугинката своја… Големи дела ми направи Севишниот… Милоста негова е од колено на колено“: тоа е токму откривањето на Божјата љубов која тера да се мисли на самодарувањето, тоа е спознанието дека произлегува потребата за самодарување. Самодарувањето е секогаш одговор на дарот кој ни е даден:

Бог ни претходи со својата љубов и ние му даваме тоа што Тој ни дал. Свети Павле исто така вели: „Според дадената благодат имаме разни дарови“ и нашето самодарување не може, а да не се состои во даровите кои сме ги примиле, кои ние ги препознаваме како бесплатни дарови, кои можеле и да не ги добиеме и преку кои ние ја гледаме Господовата љубов.

Токму заради оваа причина, препознавајќи ја Неговата љубов, ние ја ставаме на Негово располагање, како благодарна жртва.

Од друга страна пак жртвата или самодарувањето има исто така лик на просителна молитва. Самодаруваањето на Бога е секогаш една молба да ги претвори, т.е. да ги освети даровите кои Му ги носиме. Тој само може да ги освети, Тој само може да ги посвети; ние можеме само „да Му ги принесеме“.

Свети Павле не вели поинаку. Тој нé повикува да ги жртвуваме нашите тела, да ги претставиме како понуда или самодарување, но претварањето е тоа што Бог делува и претставувајќи ние го молиме да го направи совршено она кое ние го даваме како жртва и она кое сé што е во врска со нас честопати е полно со несовршености.

Го молиме да ја претвори бедната земна реалност која му ја претставуваме, човечките дарови кои доаѓаат од неговото создание, кои имаат потреба да се претворат за да служаат за заедништво со Него.

И, со оглед на тоа дека нашето самодарување всушност е секогаш една молитва за барање, можеме да даруваме сé, дури и тоа што ни се чини дека е сосема бескорисно во нашиот живот: товарот што ни тежи, кој го чувствуваме како пречка, потешкотиите и страдањата кои во некоја смисла се апсурдни. Распнатиот Христос нѐ учи дека можеме на Бога да му подариме сé, со цел работите што изгледаат дека се бескорисни да бидат претворени на најпрекрасен начин. Крстот бил бескорисен, но сепак врз крстот се реализира главната преобразба, кој создаде нова земја и направи Божјата љубов да ги исполни сите работи.

Ла Киеза/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот