Поучна приказна: Бог ти праќа знаци

Поучна приказна: Бог ти праќа знаци

За време на најголемата пандемија од вирусот познат под името корона, издадено е предупредување до сите граѓани да не ги напуштаат своите домови и да не го изложуваат својот живот на непотребна опасност.

Слушајќи го еден ден предупредувањето на вести да не се излегува надвор, некој човек погледнал во водителот на вестите и гласно извикал:

-Неверниче! Тоа е кукавички чин за човек кој верува во Божјата семоќ. Ако навистина верувам во Бог, вирусот не ми може ништо, затоа што Бог ќе ме заштити.

Ја облекол својата јакна и кренал кон излезот. На вратата го запрела неговата жена и му рекла:

-Драги, не излегувај, послушај што ти зборуваат другите. Времињата не се добри, многу се разболеа, секој ден има сè повеќе мртви.

-Жено, зарем и на тебе ти е слаба верата? Бог токму сега сака да ја искушува нашата вера. Ќе докажам колку голема вера имам! На сите вас ќе докажам дека сте слаби верници.

Излегол и најпрво се упатил во блиската црква каде сакал да се помоли. Црквата била празна. Влегол, седнал во прв ред, клекнал, погледнал кон Исус на Крстот и рекол:

-Боже, верувам во Тебе и знам дека ќе ме заштитиш! Дај ми само еден знак каде треба да одам и каде ќе има најголема потреба за помош од мене.

Неколку моменти тишина, се прекрстил и излегол надвор. Малку подалеку јго видел возилот на Итната помош и притрчал кон куќата од која изнесувале на носилка еден стар човек.

-Господине, морате да се тргнете од тука, не смеете да бидете тука – предупредувал еден од болничарите, кој бил облечен во заштитно одело.

-Не можете да ме запрете, вие не сте господари на мојот живот. Јас сакам да им помогнам на роднините на несреќникот!

Не слушајќи го предупредувањето на сила влегол во куќата од каде што го изнеле стариот човек, но после некое кратко време излегол, затоа што му кажале дека немаат потреба од неговата помош.

Се вратил тажен дома и после некое време почнал да се чувствува многу лошо, а по телефонскиот повик на неговата жена во Итната помош брзу е пренесен во болницата. Лежел со денови без сила, во критична состојба и кога се присвестил го зел крстот во раце и рекол:

-Боже зошто не ме заштити, јас ти верував?

Гледал некое време во крстот пред себе, а потоа како да слушнал одговор од него:

-Три пати ти праќав предупредување преку луѓето во твоја близина, но ти не ме послуша. Прво ти зборував преку телевизијата, втор пат преку советот на твојата жена, а третиот пат преку оној болничар, кој го изнесуваше болниот човек. Ти ги игнорира со желба да ја докажеш својата вера во мене. Покажи ја прво својата вера во ближните, па потоа ќе можеш да ја покаже својата вера во мене.

Марио Жувела

Категорија: Вера, Духовност

За авторот