Велики Петок во Радово

Велики Петок во Радово

Во време на пандемијата Ковид -19, во Радово се служи Велики Петок со сите пропишани мерки од властите на Македонија, а пропишаните богослужби за целата Страдална седмица се настојуваше да се молат повеќе на отворено. Поради пандемијата оваа година не се организираше традиционалниот Крстен пат по улиците на Радово, туку веднаш се молеше „Вечерна со изложување на Плаштеницата“ со носење на Распетието низ селото. Додека обредот на погребение се изврши во парохиската црква.

Во парохијата Свети пророк Илија во Радово преку целиот Велики пост се молеше Крстен пат. Од 2008 година завршниот крстен пат за Велигденскиот пост на Велики петок се моли по улиците на Радово и тоа се молат сите постојки распоредени на 748 метри колку што се верува дека бил долг патот до Голготата на Нашиот Господ Исус Христос.

Филип Стојанов

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот