Кога човекот e сакан исчезнува „сенката на евтаназијата“

Кога човекот e сакан исчезнува „сенката на евтаназијата“

На 1 октомври 2018 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на IV семинар за етика во здравствената заштита.

Кога човекот ќе се почувствува сакан „негативната сенка на евтаназијата“ делумно или во целост исчезнува – рече папата Фрањо на учесниците на IV семинар за етика во здравствената заштита кои ги прими во аудиенција на 1 октовмри 2018 година. Семинарот е во организација на Папската академија за живот.

Во болниот да се гледа лице на стрaдалник

Папата во говорот се фокусираше на три збора: чудо, грижа и доверба. Светот на здравствената заштита поминува низ економска криза и тешкотии во пристапот до терапиите и лековите. Заради тоа може да се падне во обесхрабрување. Запрашувајќи се дали го одредува распределбата на средствата односот на трошоците и користа, Светиот Отец ги повика присутните во болниот да гледаат брат. Тоа спознание само по себе не може да ги реши сите проблеми, но може да донесе промена на менталитетот. На тој начин решенијата можат да се развијат преку сплет на јавното и личното, законодавството и етиката, социјалната правда и претприемништвото. Начелото кое во овој случај служи како вдахновение не е некој „апстрактен идеал“, туку конкретна личност – лице страдалник. Светиот Отец на учесниците на семинарот за етика им рече да бидат храбри и великодушни во употребата на средствата, затоа што тие служат за корист на болните, посебно најсиромашните кои го ценат нивниот труд и залагање.

Со придружба исчезнува сенката на евтаназијата

Потребно е внимание затоа што грижата за болните не е едноставно само асептична примена на лековите и не се ограничува само на враќање на здравјето. Тоа најубаво се гледа во палијативната нега. Папата Фрањо изрази загриженост заради силната тенденција за легализирање на евтаназијата, но „ако личноста се чувствува сакана, почитувана и прифатена, негативната сенка на евтаназијата делумно или во целост исчезнува.“ Вредноста на личноста се мери во способноста за давање и примање на љубов, а не во нејзината продуктивност. Здравствените работници би требало да работат на континуирано подобрување на способностите за да можат да одговорат на својот повик „служител на здравјето“ – рече папата Фрањо.

Верата на пациентот за можноста за оздравување

Светиот Отец исто така ја нагласи важноста на верата на пациентот за можноста за оздравување, но и важноста на мирното работно опкружување за здравствените работници. Постои ризик заради сложеноста на системот на здравствена заштита, „условите во договорот“ да го одредат односот на здравствениот работник и пациентот, што ја нарушува довербата. Папата Фрањо побара од присутните да вложат напори во одржувањето на длабоките човечки врски со пациентот во целост, почитувајќи ја неговата автономија, давајќи им го потребното внимание и разбирање и негувајќи дијалог. Затоа ги охрабри сите такво внимание, љубов и близина да покажуваат кон болниот за својата должност да ја извршшуваат со многу човечност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот