Одржана последната средба од петиот состанок на Кардиналскиот совет со Светиот Отец

Во Ватикан на 4 јули одржана е последната средба од петиот состанок на Кардиналскиот совет, кој ќе продолжи во септември, а потоа во декември и јануари. Споменатиот Совет, кој стана „Совет на деветмина“, со полноправно учество на Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, го формира Светиот Отец, со цел да помогне во водењето на Црквата, и да се разгледа нацртот на ревизијата на апостолслката конституција „Pastor bonus“ за Римската курија.

Следните состаноци на Кардиналскиот Совет ќе се одржат од 15 до 17 септември и од 9 до 11 декември оваа година, и од 9 до 11 јануари следната година. Работата, значи, продолжува по нормален ритам и темпо, рече отец Ломбарди. На почетокот на состанокот, првиот се разговарало за Управата на Државата Ватикан, за Државниот секретаријат и ИОР, таканаречената Ватиканска банка. Потоа повторно се разговарало за декастериите, посебно за лаиците и семејството, напомена отец Ломбарди.

Интересна точка од разговорите беше придонесот и улогата на лаиците, брачните парови и жените во тој контекст и во тие тела или во тоа тело, зависно од тоа како уште тој нацрт план ќе се развива, рече директорот на Ватиканската прес служба. Во овој момент нема никаква одлука за обликот на телата, за структурата, бидејќи продолжуваат размислувањата кои потоа ќе се вклучат во целокупниот нацрт план за реформите на Куријата. Затоа, во таа смисла уште нема некоја одлука што се однесува на обликот на една или повеќе институции.

Другите теми на кои се задржаа деновиве се нунцијатурите и нивната работа, изборот на нунциј и постапките за именување на епископи. Немало точно одредени одлуки, туку се продолжува со разменувањето на различни мислења. Отец Ломбарди потоа се осврна на расположението што владее на тие средби, а за кое разговарал и со кардиналите. Се гледа забележливо задоволство поради расположението што се воспоставува, рече отец Ломбарди и додаде дека кардиналите и инсистирале на тој белег, односно на слободата на изразување, на искреноста со која се исполнети размислувањата на членовите, но и на срдечноста, на взаемното почитување; затоа владее навистина срдечно расположение.

Папата многу пријатно се вклучува во динамиката на тие разговори, учествувајќи во нив и поттикнувајќи ја слободата на изразување и развојот на дијалогот и тоа не влијаејќи многу на насоката на разговорите. Јасно е, како што знаеме, дека се работи за совет кој дава предлози, а Папата потоа го има целиот авторитет и слобода за донесување на одлуките, истакна отец Ломбарди.

Спомнувајќи, потоа дека во овој момент не може да се зборува за нацрт план за нова конституција, отец Ломбарди истакна дека и понатаму се даваат делумни предлози кои ги претставува по еден од членовите на советот, задолжен за одредена тема, а тие потоа заеднички се разгледуваат. Затоа уште не може да се зборува за нацрт на новата конституција, туку има уште работа што се одвива преку делумните предлози и специфични длабоки проучувања.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот