Верените парови ќе се сретнат со папата Фрањо на празникот Свети Валентин

Папата Фрањо ги покани сите верени двојки, кои сакаат да се сретнат со него, да го посетат на 14 февруари, кога Црквата го слави празникот свети Валентин.

Средбата ќе се одржи во салата Павле VI во Ватикан, се наведува во соопштението од Светата Столица. Соопштението објавено на повеќе јазици, е насловено со „Радоста која го донесува „ДА“ засекогаш. На средбата со Светиот Отец се повикани вереници, кои поминале или минуваат во подготовката за брак. Пријавите се до 30 јануари во епархиските оддели за семејства“, стои во соопштението.

Светиот Отец ја поттикна оваа иницијатива со цел да се охрабри институцијата брак. Во повеќе прилики Папата ја истакнува важноста на подготовка за брак.

Католици.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот