Братот на дон Давор Топиќ ракоположен за свештеник

Анте Топиќ, член на монашката заедница Дружба Исусова од хрватската провиниција на празникот свети Петар и Павле на 29 јуни 2015 година е ракоположен за свештеник во ѓаковско – осиечката катедрала со полагање на рацете и посветната молитва на надбискупот Ѓуро Храниќ.

Патер Анте е роден на 15 август 1983 година во Ускопље (БиХ), од татко Јозо и мајка Марија. Филозофско-теолошкиот факултет го заврши на Јордановец во јуни 2009 година. Истата година во септември пристапува во новицијатот на Дружбата Исуосова во Сплит, каде во септември 2011 ги полага монашките завети. После тоа некое време ја врши служба на економ во богословијата во Загреб, а потоа во резиденцијата на Дружбата Исусова во Осиек бил во служба на субминистер на заедницата и помагал во класичната гимназија на Исуовците во Осиек. За ѓакон е посветен на 18 септември 2014 во Травник, а го посвети врхбосанскиот надбискуп Винко кардинал Пулиќ.

За младомисничко мото ја избра мислата од свети Игнациј Лојолски: Да се бара и наоѓа Бога во сѐ!

Прва миса ќе слави во недела, на 10 јули 2015 во парохијата Срце Мариино во Скопаљска Грачаница – Ускопље.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот