Божјото срце е срцето на Отецот Кој љуби
Божјото срце е срцето на Отецот Кој љуби и сака неговите деца да живеат во добро и праведност и сè повеќе и повеќе да живеат во полнина и да бидат среќни. Тоа го надминува нашето тесно сфаќање на праведноста за да нè отвори за безграничните аспекти на своето милосрдие.
Божјото срце е срцето на Отецот Кој љуби и сака неговите деца да живеат во добро и праведност и сè повеќе и повеќе да живеат во полнина и да бидат среќни. Тоа го надминува нашето тесно сфаќање на праведноста за да нè отвори за безграничните аспекти на своето милосрдие – е резимето од катехезата на папата Фрањо за време на Генералната аудиенција на 3 февруари на плоштадот Свети Петар.
Папата на почетокот запраша како е можно да се помири она што Светото Писмо ни го зборува за Бог: дека од едната страна е совршената праведност, а од другата милосрдието! Овие две својства смета Папата едно со друго си противречат само привидно затоа што токму Божјото милосрдие е она што вистинската праведност ја води кон нејзиното исполнување. Но, за која праведност станува збор? – запраша Светиот Отец.
Мислиме на праведноста на законско управување, гледаме дека оној кој се смета за жртва на неправдата се обраќа на судијата барајќи да се изврши правдата. Тоа е ретрибутивна правда изрекување казна за вина по начелото дека на секој треба да му се даде она што му се должи, рече папата Фрањо додавајќи дека за тоа дури зборува и Исус во параболата за вдовицата која постојано одела кај судијата говорејќи: „Заштити ме од мојот противник!“ (Лк 18, 3)
Сепак тој пат не води сè уште до вистинската праведност затоа што не го победува злото, туку само го запира. Единствено ако на злото се одговори со добро, злото станува надминато. Затоа Библијата ни предлага постапка која избегнува повик на судија и закон и предвидува жртвата на неправдата директно да се обрати на виновникот за да го повика на разговор, помагајќи му да сфати дека тоа што го прави е лошо, повикувајќи се на неговата совест.
Конечно согледувајќи ја и признавајќи ја сопствената грешка, тој виновник може да се отвори за прошката која му се нуди. Ова е начинот за решавање на конфликтите внатре во семејството, во односот меѓу сопружниците или помеѓу родителите и децата каде што навредениот виновник љуби и сака да го сочува односот со кој таа личност е поврзана. Не прикинувајте го тој однос – повика Папата.
Сигурно тоа е тежок пат затоа што бара оштетената страна да биде подготвена да прости и да бара спасение и добро на оној кој ја навредил. Сепак само така праведноста може да триумфира затоа што ако виновникот го признае злото кое го направил и од него се откаже, злото исчезнува и оној кој бил неправеден станува праведен, затоа што му се простува и му се помага повторно да го најде патот на доброто. И овде во игра влегува простувањето и милосрдието.
Така Бог прави во односот со нас грешниците. Постојано ни го нуди своето простување и ни помага да го прифатиме и да станеме свесни на злото кое го правиме, за да нè ослодоби од него. Бог не сака осуда, туку спасение на сите па и на Јуда и на Пилат. Зборовите на пророците се ревни и со љубов исполнет апел кој го бара нашето преобраќање затоа што како вели пророкот Језекиил: „Зар Јас сакам смрт за грешникот? (…) Јас сакам тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив (18, 23; 33, 11) – Тоа е она што на Бог му е мило – додаде Светиот Отец.
Тоа е Божјото срце, срцето на Отецот Кој љуби и сака неговите деца да живеат во добро и праведност и сè повеќе и повеќе да живеат во полнина и да бидат среќни затоа што Бог – рече Папата додавајќи ги зборовите од псалмот – Он не ни направи ништо според нашите безаконија и не постапи според нашите гревови (Псалм 102 9-10). Токму такво срце сака да сретнеме кога одиме на исповед. Сите посакуваме да сретнеме татко кој ќе ни помогне да го промениме својот живот; кој ќе ни даде сила да одиме напред; татко кој во Божјо име ни простува.
Заради тоа исповедниците имаат голема одговорност – рече папата Фрањо обраќајќи се на исповедниците – затоа што тој син или ќерка доаѓајќи кај тебе сака да најде татко, а ти свештениче кој си во исповедилницата се наоѓаш на местото на Отецот кој својата праведност ја применува според своето милосрдие – рече на крајот на катехезата папата Фрањо.
Папата по поздравите на различните поклонички групи од Италија и светот се сети и на болните, младите брачни парови и младите потсетувајќи на свети Власиј маченик од Ерменија и рече неговиот пример нè повикува на заземање околу навестувањето на Евангелието и во тешки услови. Ги повика младите да бидат храбри навестители на својата вера; болните ги повика својот секојдневен крст да го прикажуваат за преобраќање на оние кои се далеку од Христовата светлина и младите нововенчани парови да бидат навестители на неговата (Христовата) љубов започнувајќи од сопственото семејство.
РВ/к.мк/Д.И.