Бискупот Стојанов ќе служи света Литургија во Скопје по повод празникот Света Мајка Тереза

Празникот на Света Мајка Тереза во нејзината родна бискупија и нејзниот роден град – Скопје, ќе се одбележи во вторник 5 септември 2023 година со света Литургија во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје со почеток во 18.00 часот.
Светата Литургија ќе ја предводи Н.В.П. монс. д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во сослужение на свештеници од Скопска бискупија и Струмичко – скопската епархија.
Традиционално на почетокот од месец септември во Скопје и други населени места, во организација на Католичката црква се одржуваат „Денови на Света Мајка Тереза“ преку активности на Македонски Каритас, искажувајќи близина со оние во најголема потреба.
к.мк