Првиот ватикански дипломат во посета на Македонија

Првиот ватикански дипломат во посета на Македонија

Од 16 до 19 јуни, секретарот за односи со државите на Ватикан, монс. Галагер ќе ја посети Македонија каде ќе учествува на Преспа Форумот 2022 за иднината на Балканот. Предвидено е во недела бискупот Стојанов и надбискупот Галагер да служат света Литургија во Скопската катедрала.

Државниот секретаријат на Ватикан излезе со соопштение за посетата на монс. Пол Галагер, секретар за односи со држави, во Македонија од 16 до 19 јуни. Повод за официјалната посета е неговото учество на Преспа Форумот 2022, платформа за соработка и место за размена, создадена да се разговара за иднината на Западен Балкан во контекст на модерната европска безбедност.

За време на тридневната посета, монсињор Галагер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, кој на 25 мај беше во Ватикан на аудиенција кај Папата и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Исто така, монсињор Галагер за време на престојот во Македонија ќе оствари средба со архиепископот Македонски и Охридски г.г. Стефан и ќе ја посети НУ Спомен куќа Мајка Тереза.

Високиот претставник на Ватикан со бискупот Стојанов ќе служи света Литургија во Скопската катедрала, која папата Фрањо ја посети во мај 2019 година.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот