На 10 годишнината од земјотресот Папата упати писмо до жителите на Аквила

На 10 годишнината од земјотресот Папата упати писмо до жителите на Аквила

Молитва и охрабрување стои во писмото кое папата Фрањо го упати до сите кои овие денови го спомнуваат 6 април 2009 година кога силен земјотрес срамни со земјата голем дел на самиот град Аквила и подрачјето околу него.

На денот на 10 годишнината од земјотресот кој ја погоди централна Италија градот Аквила и блиските места, затрупувајќи под урнатините 309 луѓе и повредувајќи повеќе од 1600, папата Фрањо се соедини во споменот и болката на цела Италија со писмото до наслението на Аквила во кое гарантира молитва за жртвите и близина на сите на патот на обновата за која се надева дека ќе биде брза и со заеднички напори.

Молитва и охрабрување од Папата

Спомнувајќи го во писмото уништувањето и смртта кои ги посеа земјотресот, Светиот Отец пишува дека се моли за жртвите од таа трагедија и за нивните семјества. Ве уверувам дека со големо интересирање го следам вашето ангажирање на тешкиот пат на обновата – и тоа со темелни, брзи и заеднички напори – на јавните и приватните згради, како и на црквите и другите структури – пишува папата Фрањо и на крајот од воскреснатиот Господ повикува светилина и сила за нивната заедница да биде повеќе поврзана и покреативна, за така да бидат храбри сведоци на делотворната законитост, делотворната соработка и братската солидарност. Писмото завршува со молитва упатена до Пресвета Богородица сите нив со љубов да ги придружува и благослови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот