Папата се моли за жртвите од земјотресот во Колумбија и повикува на духовна сила

Папата се моли за жртвите од земјотресот во Колумбија и повикува на духовна сила

Во телеграма упатена до претседателот на Колумбиската бискупска конференција, папата Лав XIV изрази жалење поради силниот земјотрес што ја погоди земјата на 10 август, при што загинаа повеќе од сто луѓе, а многумина беа повредени.

Папата Лав XIV изрази жалење по земјотресот што погоди неколку делови од Колумбија, упатувајќи молитва „за вечен покој на загинатите“ и за брзо закрепнување на сите погодени од трагедијата.

Неговите зборови се содржани во телеграма потпишана од државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин, упатена до надбискупот на Картагена, Франциско Хавиер Мунера Кореа, претседател на Колумбиската бискупска конференција.

Силниот земјотрес го погоди југозападниот дел од земјата на 10 август, при што загинаа повеќе од 150 луѓе, а стотици други беа повредени. Земјотресот предизвика и голема материјална штета, меѓу другото и на повеќе цркви.

Во пораката, папата Лав XIV им изразува искрено сочувство на семејствата што „во овој час на длабока тага, ја оплакуваат загубата на своите најблиски“.

Светиот Отец изразува благодарност и до сите што работат „со дарежлива посветеност“ во операциите за пребарување и спасување, како и во обезбедувањето помош за погодените. Тој ги уверува сите во својата духовна близина.

На крајот, Папата го моли Господ, преку застапништвото на Пресвета Дева Марија, да „излее врз саканиот колумбиски народ дарови на духовна сила и христијанска надеж“ и го сподели својот апостолски благослов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот