Бенедикт XVI: Континуитет со понтификатот на папата Фрањо

Бенедикт XVI: Континуитет со понтификатот на папата Фрањо

Папата Бенедикт сака да придонесе за внатрешното духовно единство на двата понтификата – рече монс. Дарио Едоардо Вигано, префект на Секретаријатот за комуникација, осврнувајќи се на писмото кое му го испрати почесниот Папа. Станува збор за лично писмо на Бенедикт XVI за континуитетот на понтификатот на папата Фрањо. Писмото монс. Вигано го прими по повод објавувањето на публикацијата со наслов „Теологијата на папата Фрањо“, објавена од Ватиканската издавачката куќа – Libreria Editrice Vaticana – LEV, а е објавена во Рим на 12 март 2018 година.

Неразумна предрасуда

Ја подржувам таа иницијатива – напиша папата Бенедикт XVI која сака да се спротивстави и реагира на неразумната предрасуда според која папата Фрањо е практичен човек без посебна теолошка или филозофска формација, додека јас сум бил само теолог теоретичар, кој е слабо сфатен во конкретниот живот на денешниот христијанин.

Внатрешен континуитет помеѓу двајцата папи

Почениот Папа се заблагодари на 11 книги добиени како подарок, чиј автори се меѓународно признати теолози, а кои се уредени од дон Роберто Репола, претседател на Здружението на италијански теолози. Тие мали брошури – додаде Бенедикт XVI со право покажуваат дека папата Фрањо е човек со длабока филозофска и теолошка формација, и поради тоа помага да се согледа внатрешниот континуитет помеѓу двата понтификата, и покрај разликите во стилот и темпераментот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот