Во обраќањето по молитвата Ангел Господов Папата ја вети својата молитва за Украина и жителите на Кентаки во Америка и го осуди зголеменото производство на оружје. Светиот Отец ги поздрави членовите на Каритас Интернационалис кој одбележува 70 годинишнина.
Светиот Отец во апелот по молитвата Ангел Господов, на 12 декември 2021 година ги вети своите молитви за Украина и повика на решение на тензиите со сериозен меѓународен дијалог, а не со оружје. Спомнувајќи ги неодамнешните статистики кои ги прочита, папата Фрањо изрази болка заради податцоите дека ова година е произведено повеќе оружје од лани. Оружјето не е патот, рече Светиот Отец. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина!
Папата исто така ја вети својата молитва за жртвите од серијата торнада во САД каде што загинаа 80 лица, а најсилно е погодена сојузната држава Кентаки.
Срдечен поздрав Светиот Отец упати до Каритас Интернационалис, кој одбележува 70 годишнина. Каритас е љубезната рака на Црквата во целиот свет за сиромашните и најзагрозените во кои е присутен Христос. Ве повикувам својата служба да ја продолжите со понизност и креативност, да допрете до најмаргинализираните и поттикнете на целосен развој како противотров на културата на отфрлање и рамнодушност, поттикна Папата.
Ватикан њуз/к.мк