Tag "Папа Фрањо"
Папата: Ги молам завојуваните страни да ги почитуваат верските места
На крајот од Генералната аудиенција на 15 март 2023 година, папата Фрањо го спомна маченичкиот украински народ и потсети на важноста на посветените лица присутни во таа земја: Тие се поддршка на Божјиот народ. Освен тоа, Светиот Отец ја изрази својата близина со Малави, кој беше погоден од циклонот Фреди, во кој загинаа околу 130 луѓе. Благодарејќи им на аргентинските лидери за честитиките по повод десетгодишниот понтификат, тој ги охрабри да останат обединети.
Папата испрати писмо до членовите на Папските академии
Папата Фрањо испрати порака до членовите на 26. јавна седница на Папските академии и ги охрабри архитектите да проектираат сакрални простори вдахновени од црковната литургија
Папата именува нов секретар на Дикастеријата за евангелизација
Папата Фрањо го именува нигерискиот надбискуп Фортунатус Нвачукву за нов секретар на Дикастеријата за евангелизација, во рамките на одделот за прва евангелизација и новите пратикуларни Цркви.
Папата: Верските водачи мора да промовираат култура на правда и мир
Папата Фрањо упати писмо до духовниот водач на ирачките шиити, потсетувајќи на нивната средба што се одржа во Ирак пред две години.
Папата: За десетата годишнина од мојот понтификат, подарете ми мир
„Popecast“ е името на подкастот во кој Папата зборува за себе, а ватиканските медиуми го изработија по повод десетгодишнината од неговиот понтификат: „Не мислев дека ќе бидам Папа за време на Третата светска војна.“. „Најдобриот момент? Средбата со старите лица на плоштадот Свети Петар. … Она што не би сакал да го видам се млади луѓе убиени во конфликти“
Честитки од верските водачи за 10. години понтификат на папата Фрањо
Пред десет години, на 13 март 2013 година, Хорхе Марио Бергољо беше избран за Петров наследник. Ги пренесуваме пораките на верските водачи упатени до папата Фрањо по тој повод
Ангел Господов: Да ја откриеме повторно нашата жед за Бога и да бидеме свесни за жедта на другите
Во своето пладневно обраќање на 12 март 2023 година, Папата ја коментираше средбата на Исус на изворот Сихар со Самарјанката, опишана во Евангелието за неделната Литургија од Тетата недела од Великиот пост и објасни дека Христовите зборови „Дај ми да пијам“ ја изразуваат неговата жед за нашата љубов, но и негово учество во нашето сиромаштво и поттик да ја изгасиме жедта за близина, за слушање на оние што ни се блиски, како и жедта за вода во земјите погодени од
Папата повика да се учестува на молитвената иницијатива „24 часа за Господ“
По молитвата Ангел Господов 12 март 2023 година, папата Фрањо го спомна посветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија на 25 март 2022 година: Да не ни недостасува доверба, да не ослабне нашата надеж, Господ секогаш ги слуша молитвите на неговиот народ. Папата ги охрабри верниците да се приклучат на иницијативата за молитва и помирување „24 часа за Господ“, која повторно ќе се одржи во епархиите ширум светот на 17 и 18 март. Светиот Отец ќе се
Интервју на папата Фрањо за аргентинскиот портал Инфобае
Во пресрет на десетгодишнината од изборот за Римски бискуп, папата Фрањо разговараше со сопственикот на аргентинскиот портал „Инфобае“, Даниел Хадад, а Vatican News на 10 март објави неколку прашања и одговори.
Папата: Црквата не е дом само за некои, туку за сите
Извадоци од интервјуто на Паоло Родари со папата Фрањо за Швајцарската радио телевизија (RSI) се објавени на 10 март 2023 година, а целосното интервју ќе биде емитувано во недела, на 12 март пред десетгодишнината од неговиот избор за Римски бискуп, која се слави на понеделник, 13 март. Меѓу темите беа потребата за негување култура на добредојде, војната во Украина и други конфликти, односите со претходникот Бенедикт XVI, размислување за животот после смртта.