Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Евангелието се навестува со движење

На Генералната аудиенција во среда по Велигден, 12 април 2023 година, папата Фрањо зборуваше за евангелската ревност која покажува спремност, подготвеност, ревност, не можеме да останеме затворени во канцеларијата, на бирото, да дебатираме како лавови со тастатура во рацете и да ја заменуваме креативноста на навестување со идеи собрани тука и таму. Треба да бидеме ослободени од шемии и отворени за Божјите изненадувања

Ватикан Вести

Царице небесна: Да бидеме радосни навестители на Евангелието

На Светол Понеделник папата Фрањо ја предводеше молитвата Царице небесна од прозорецот на Апостолската палата во Ватикан. Потсети како жените од Евангелието брзаат да ја објават веста за воскреснатиот Господ и нè учат дека се среќаваме со Исус сведочејќи за Него.

Ватикан Вести

Папата Фрањо ја упати пораката Urbi et orbi – до Градот и светот

Во традиционалната порака Urbi et orbi – до градот и светот, упатена по светата Литургија во неделата на Велигден, 9 април 2023 година, папата Фрањо се помоли на дарот на мир за Украина и молеше да се излее Божјата воскресна светлина врз рускиот народ. Се помоли за Сирија, Либан и Светата Земја и апелираше мачениците Рохинџи во Мјанмар да најдат правда и утеха за жртвите на тероризмот во Африка. Папата му ги довери на Господа христијанските заедници кои денес го

Ватикан Вести

Папата на Воскресното бдение: Да се вратиме на првата средба со Исус

Во Светата ноќ, заедно со навестувањето за Христовото воскресение, папата Фрањо ги поттикна верниците повторно да го откријат восхитот и радоста на нашата Галилеја, моментот кога започна „нашата љубовна приказна со Исус“ и кога го прогласивме за Господар на нашите животи. За време на светата Литургија беа крстени и миропомазани осум катехумени.

Ватикан Вести

Крстниот пат во Колосеумот му даде глас на човештвото рането од војни

Традиционалната побожност Крстен пат на Велики Петок се одржа во Римскиот Колосеум на 7 април 2023 година. Овогодинешните размислувања се сведоштва на мажи и жени од различни делови на светот кои искусиле насилство и сиромаштво за време на Третата светска војна, која се води во делови, а кои папата Фрањо ги слушаше за време на неговите апостолски патувања и во други прилики.

Ватикан Вести

Папата на Велики Четврток: Животот е поубав кога си помагаме

На Велики Четврток, 6 април 2023 година, како и во 2013 година, папата Фрањо ја предводеше Светата Литургија Вечера Господова во казнено-поправниот дом за малолетници Казал дел Мармо, во предградието на Рим, со обред миење на нозете на млади мажи и жени од различни возрасти и националности. Радосен пречек со подароци направени од младите луѓе во лабораторијата за тестенини и столарија. Бројаници и чоколадни велигденски јајца беше подарокот од Папата, како и проповедта во која тој истакна: „Сите можеме да

Ватикан Вести

Папата на Светата Литургија со посвета на миро: Свештеникот е човек на Божја хармонија

На Светата Литургија со посвета на миро, која папата Фрањо ја служеше во базиликата Свети Петар на Велики четврток, 6 април 2023 година, зборуваше за свештеничкиот повик и за искушенијата на кои може да биде подложен: неопходно е да се препушти на Светиот Дух и да се дозволи нашите животи да зрачат со неговото присуство, не дозволувајќи да се предадеме на просечноста и компромисите.

Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Има толку многу тага во светот, правењето добро помага да се има надеж

„Распнатиот е извор на надеж“, е темата на катехезата на Генералната аудиенција на Велика среда. Папата Фрањо зборуваше за Исус кој на крстот ја претвора болката во љубов: ни треба едноставност, треба повторно да ја откриеме вредноста на едноставноста, лишувајќи ја душата од вишокот што ја оптоварува

Ватикан

Молитвената накана на Папата за април е да се шири културата на ненасилство

Во видео порака со молитвената накана за месец април 2023 година, папата Фрањо повика на молитва за ширење на културата на ненасилство, која ќе напредува кога државите и граѓаните сè помалку ќе прибегнуваат кон употреба на оружје.

Ватикан Вести

Папата: „Не“ за непостојаната работа и работа на црно

Примајќи ги во аудиенција лидерите на Италијанскиот национален институт за социјално осигурување, папата Фрањо истакна дека пензискиот систем во Италија е облик на благосостојба што собира различни генерации, покажувајќи дека сме меѓусебно зависни еден од друг: ни требаат мудри политичари кои се водат според критериумите на братството и кои идните генерации не ги оставаат во тешкотии трошејќи ги ресурсиите