Крстниот пат во Колосеумот му даде глас на човештвото рането од војни

Крстниот пат во Колосеумот му даде глас на човештвото рането од војни

Традиционалната побожност Крстен пат на Велики Петок се одржа во Римскиот Колосеум на 7 април 2023 година. Овогодинешните размислувања се сведоштва на мажи и жени од различни делови на светот кои искусиле насилство и сиромаштво за време на Третата светска војна, која се води во делови, а кои папата Фрањо ги слушаше за време на неговите апостолски патувања и во други прилики.

Поради ладното време во Рим, папата Фрањо го следеше Крстниот пат во Колосеумот од куќата на Света Марта, неговата резиденција во Ватикан, но и заради неговото кревко здравје по тридневниот престој во римската болница Агостино Гемели минатата недела.

Присуството на Папата беше опипливо во размислувањата што тој лично ги избра за да се потсети на денот кога Господ Исус Христос е распнат на Крстот. Размислувањата ги подготвија Дикастериите на Римската курија, а по желба на Папата, тема на Крстниот пат беше Гласови на мирот во време на војна. Сите 14 постојки од Крстниот пат ги претставуваше сведоштвата и молитвите на мажите и жените од нашето време кои Светиот Отец имал можност да ги сретне и да ги слушне за време на неговите бројни апостолски патувања, од лица кои ја искусиле војната, сиромаштвото, раселувањето и неправдата во речиси секоја дел од светот, од Африка и Јужна Америка, мачениците од Светата Земја, свештениците од нашите краишта и две млади момчиња, едниот од Украина, другиот од Русија.

Традицијата Крстниот пат да се моли во Колосеумот започнала во 18 век. Повторно е воспоставен во 1960-тите и оттогаш се моли секој Велики Петок – со краток прекин поради глобалната пандемија на болеста Ковид-19 и се емитува во живо во целиот свет преку радио и телевизија. Оваа година на Крстниот пат во Колосеумот присуствувааа околу 20.000 верници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот