Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата на благословот Урби ет Орби: Не на егоизмот и поделбите, ова е време на солидарност

Рамнодушноста, себичноста, поделбата, заборавањето не се зборови за ова време. Би сакале да ги отфрлиме за сите времиња! Тие преовладуваат кога во нас победува стравот и смртта, односно кога не дозволуваме да победи во нашето срце и во животот, Господ Исус.

Ватикан Вести

Папата Фрањо го предводеше Пасхалното бдение во Ватикан

Да ги замолчиме криковите на смртта, доста беа војни! Нека се запре производството и трговијата со оружје затоа што ни треба леб, а не пушки. Нека престанат да се извршуваат абортуси во кои се убива невин живот. Нека се отворат срцата на оние кои имаат за да ги наполнат празните раце на оние кои се лишени од неопходното, повика папата Фрањо во хомилијата на Пасхалното бдение во саботата на 11 април во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Ватикан Вести

Папата го поддржа јавното изложување на Торинското платно

Надбискупот на Торино Чесаре Носиглија прими писмо во кое Светиот Отец Фрањо изразува поддршка за неговата идеја по пат на директен пренос на интернет и социјалните мрежи Торинското повторно да се изложи за широката јавност.

Ватикан Вести

Фондот на Папата за мисионерските подрачја погодени од пандемијата

На поттик на папата Фрањо е основан фонд за мисионерските подрачја кои се најтешко погодени од пандемијата. Светиот Отец го даде почетниот прилог во износ од 750.000 долари. Заедницата на верници во целиот свет можат да придонесат за таа иницијатива преку Папските мисиски дела.

Ватикан Вести

Папата ги предводеше обредите на Велики Петок

Папата Фрањо на Велики Петок го предовдеше обредот на маката и поклонувањето на Крстот во базиликата Свети Петар, каде чудотворниот крст од црквата Свети Марсело беше покриен, а во текот на обредот откриен и беше одржано поклонување на крстот, но не и целивање на крстот.

Ватикан Вести

Папата молеше Крстен пат на плоштадот Свети Петар

Древниот обичај на побожноста Крстен пат, кој на Велики Петок традиционално се одржуваше кај познатиот римски Колосеум со присуство на голем број верници и поклоници, оваа година беше на празниот плоштад пред базиликата Свети Петар со постојки покрај колонадите, околу обеликсот и на крајот на просторот кој води до базиликата.

Ватикан Вести

Папата ја предводеше Литургијата Вечера Господова на Велики Четврток

Папата Фрањо на Велики Четврток ја предводеше Миса Вечера Господова во базиликата Свети Петар во Ватикан, одавајќи посебно признание на свештениците кои служат на заболените од коронавирусот.

Ватикан Вести

Папата: Крстот и Евангелието нека бидат наша домашна Литургија

На Генералната аудиенција одржана во библиотеката во Апостолската палата Папата Фрањо ги охрабри верниците да ги отворат своите срца кон распнатиот Исус во молитва, гледајќи во крстот и размислувајќи за Евангелието. Така ќе сфатиме дека не сме сами, затоа што Господ никогаш не нè напушта и никогаш не нè заборава.

Ватикан Вести

Папата: Да молиме за денешните Јуди

Да молиме за луѓето кои во ова време на пандемија тргуваат со оние во потреба, ги искористуваат потребите на другите и ги продаваат. Да молиме за мафијашите, лихварите и многу други. Господ нека го допре нивното срце и нека ги преобрати  – рече папата Фрањо на 8 април 2020 година за време на светата Литургија во домот „Света Марта“.

Ватикан Вести

Заедиштвото помага и пред стравот од зараза

Размислувањето на психотерапет Кјара Д’Урбано за молитвата на папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта за оние кои се премногу исплашени од коронавирусот и не успеаваат да реагират. Кој има повеќе внатрешна сила – вели – треба да ја стави во служба на оние кои за тоа не се во состојба.