Ангел Господов: Единството со Христос и заедништвото се двократен плод на Евхаристијата

Ангел Господов: Единството со Христос и заедништвото се двократен плод на Евхаристијата

Денес во Италија и во други земји се слави празникот на Пресветото Тело и Крв Христови, Телово – рече папата Фрањо во недела 14 јуни 2020 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар и додаде: Во второто читање од денешната Литургија, свети Павле го опишува евхаристиското славење (1 Коринтјаните 10,16-17). Истакнува два учиноци на путирот од кој заеднички се пие и лебот кој се прекршува: мистичен учинок и учинок на заедницата.

На почетокот апостол Павле вели: Чашата на благословот, која ја благословуваме, не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме, не е ли општување со телото Христово? – цитираше Светиот Отец и истакна: Тие зборови искажуваат мистичен или духовен учинок на Евхаристијата; тој се однесува на соединувањето со Христос, кој во лебот и виното се дава за спасение на сите луѓе. Исус е присутен во светата Тајна Евхаристијата, како би бил наша храна, за да би го примиле и да би станал за нас обновителна сила која повторно ја враќа енергијата и волја, и по секое запирање и пад да се вратиме на патот. Но тоа бара наша согласност и подготвеност да се преобразиме себе, својот начин на размислување и делување. Во спротивно евхаристиските славење на кои учествуваме ќе се сведат на празни формули и обреди.

Вториот учинок е заедништвото и свети Павле го искажува со зборовите: Бидејќи лебот е само еден, едно тело сме ние многуте, зашто сите се причестуваме од еден леб. – цитира Папата и додаде: Се работи за меѓусебен однос на заедништво на оние кои учествуваат во Евхаристијата до таа мера што меѓу себе стануваат едно тело, како што е еден лебот кој се прекршува и дели. Заедништвото во Христовото тело е делотворен знак на единство, заедништво и меѓусебно делење. Не можеме да учествуваме во Евхаристијата без да се заземаме за искрено и взаемно братство.

Но Господ добро знае дека за тоа не се доволни нашите човечки сили – рече Папата и продолжи: Секако, знае дека секогаш меѓу неговите ученици ќе има искушение на ривалство, завист, предрасуди и поделби. И затоа ни ја остави Светата Тајна на својата реална конкретна и трајна присутност и така остануваме обединети во него, секогаш можеме да го примиме дарот на братската љубов. „Останете во мојата љубов“ (Иван 15,9), им рече на своите пријатели и тоа е можно благодарејќи на Евхаристијата.

Тој двократен плод на Евхаристијата: Единство со Христос и заедништво меѓу оние кои со него се хранат, постојано создава и ја обновува христијанската заедница – рече Светиот Отец и додаде: Имено, Вториот ватикански собор на почетокот од конституцијата за Црквата вели дека таа на некој начин со Христос е света Тајна, односно знак и средство за интимно единство со Бог и единство на целиот човечки род.

Пресвета Дева нека ни помогне секогаш со восхитување и благодарност да го прифатиме дарот кој ни го даде Исус, оставајќи ни ја оваа Света Тајна на неговото Тело и Крв – рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот