Папата Фрањо: Силата на христијанскиот живот е во средбата на нашите гревови со Христос, Кој нѐ спасува

Силата на христијанскиот живот е во средбата на нашите гревови со Христос, Кој нѐ спасува. Каде што таа средба ја нема Црквите стануваат декадентни, а христијаните млаки; тоа е пораката на папата Фрањо на светата Литургија на 4 септември во домот Света Марта.

Петар и Павле нѐ поучуват дека христијанинот може да се фали со две работи: „сопствените гревови и Христос Распнатиот“. Пребразувачката сила на Словото Божјо – објаснува Папата – тргнува од таа свесност. Затоа Павле во Првото Послание до Коринтјаните ги повикува оние кои мислат дека се мудри да „станат безумни, за да бидат мудри. Зашто мудроста од овој свет е безумство пред Бога“:

Павле ни зборува како силата на Словото Божјо – силата која го менува срцето и светот која дава надеж и живот – не е во човечката мудрост: не е во убавиот говор или во убавите изрази на човечката интелигенција. Не. Тоа е лудост, вели Павле. Силата на Словото Божјо има друг извор. Исто така, силата на Словото Божјо поминува низ срцето на проповедникот и заради тоа ни зборува на нас кои го проповедаме Словото Божјо: „Станете луѓе“, т.е. не ставајте ја својата сигурност во сопствената мудрост или во мудроста на светот.“

Апостол Павле не се фали со своите студии, истакнува Папата. Не вели: „студирав кај најважните професори во моето време“ – туку „само со двете работи: се фалам со своите гревови и потоа во другиот дел: Јас се фалам само со Христос Распнатиот. Силата на Божјото Слово е во тоа да се сретнат моите гревови и крвта Христова која ме спасува. А кога таа средба ја нема, ја нема ниту силата во срцето. Кога се заборава на таа средба која што сме ја доживеале, стануваме световни, стануваме способни да зборуваме за Божјите работи со човечки јазик што не е од некоја корист; не дава живот.“

Истотака и Петар – во Евангелието за чудниот риболов – има искуство за средба со Христос, согледувајќи ги сопствените гревови: гледајќи ја Исусовата сила и гледајќи се самиот себе. Се фрла пред нозете, зборувајќи: „Господи оди си од мене јас сум грешен човек.“ Во таа средба на Христос и моите гревови е спасението:

„Ако христијанинот не се чувствува грешен и спасен со крвта на Христос Распнатиот, тогаш тој е само половина – христијанин, млак христијанин. Кога пронаоѓаме декадентни Цркви сигурно тамошните христијани никогаш не го сретнале Исус Христос или заборавиле на таа средба. Силата на христијанскиот живот и Словото Божјо е во тој момент во кој, јас грешник Го сретнувам Исус Христос и таа средба ми прави пресврт и ми го менува животот, ми дава сила за навестување за спасение на другите“, истакна Папата, повикувајќи нѐ да си поставиме неколку прашања:

„Дали сум способен да му кажам на Господ: „Јас сум грешник“, не со теорија, туку исповедувајќи „конкретен грев“? И дали сум способен да верувам дека Он Самиот ме спаси со Својата Крв и ми даде нов живот? Имам ли доверба во Христос?“ праша на крајот папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот